Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Вака се прави тоа: Мишел Фајфер ги изненади сите со својот стајлинг

Иако нејзините колеги од светот на Холивуд на синоќешното доделување на Златните глобуси претежно блескаа во луксузни тоалети со потпис на дизајнери, легендарната Мишел Фајфер ја следеше церемонијата од хотелската соба, појавувајќи се во издание што вешто комбинираше гламурозен и лежерен стил на облекување.

На овогодинешното 78-то издание на Златните глобуси, 62-годишната актерка беше номинирана во категоријата најдобра актерка во мјузикл или комедија благодарение на нејзината улога во филмот „French Exit“.

Таа се приклучи на доделувањето на наградите од нејзината хотелска соба, а во споредба со многу колеги кои блескаа во раскошни фустани, Мишел Фајфер успеа да воодушеви многумина со своето лежерно и истовремено гламурозно издание.

Како што откри во својот пост на Инстаграм, за нејзиното издание се погрижи стилистката Саманта Мекмилен, а резултатот од нивната модна соработка беше комбинација со потписот на модната куќа Валентино.

Покрај боди покриено со светки, холивудската sвезда носеше опуштен модел на khaki панталони, кои ги направи посебни со додавање на ремен со тока на истакнатото лого на модната куќа Валентино.

Во својата објава, славната актерка им се заблагодари на сите номинирани, и благодарение на нејзиното ослободување, кое вешто го комбинираше гламурозен и лежерен стил на облекување, заработи многу комплименти.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement