Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Вака се облекуваат Французинките на есен: Тие го знаат тоа најдобро! (ФОТО)

Парискиот стил е еден од најпопуларните и се првиот и најдобриот избор доколку сакате да копирате некого – тие едноставно го знаат најдобро и иако „соблекувањето“ на туѓ стил никогаш не е препорака, кога станува збор за Французинките, вие можете слободно да го сторите тоа.

Тие се вистински мајстори за комбинирање на стил и удобност, љубители на едноставност и елеганција, без компликации и токму затоа стилот на нивната облека е број 1.

Еве ги парчињата што ги носат на есен за секогаш да изгледаат шик и елегантни!

1. Бретон блузи

Бретонска маица можеби ви изгледа како клише, но блузата со препознатлив дезен е доволно моќна да ја подигне секоја комбинација на повисоко, поелегантно ниво. Најдобро е да го комбинирате со класични парчиња како панталони и едноставен капут.

  1. Тренч мантил

Секоја Парижанка има барем една и тие обожаваат да ја носат на почетокот на есента и за време на мрачни врнежливи денови.

View this post on Instagram

Love this ? #trenchcoat #coat

A post shared by dior style Home (@diorstyle_home) on

  1. Панталони во „цигара“ крој

Идеални се за сите прилики, од одење на работа до вечерно излегување, поради што им се омилени на Французинките, а во исто време изгледаат исклучително скапи и елегантни.

View this post on Instagram

Rate this outfit from 1-10 ? @pepamack

A post shared by Nordic Style Report (@nordicstylereport) on

  1. Мокасини

Удобен пар чевли е совршен за есенските денови кога времето повеќе не дозволува сандали, а сепак не е толку студено што би носеле чизми. Французинките не подлежат на моменталните трендови – тие знаат дека пар квалитетни, кожни мокасини со едноставен изглед, евентуално со некаква дискретна декорација, секогаш одговара совршено, бидејќи изгледаат елегантно и се вклопуваат во секоја комбинација на облека.

  1. Беретка

Оваа симпатична капа е еден од синонимите за вистински француски шик. Никогаш не излегува од мода и е совршен детал кога сакате да бидете топли и истовремено да изгледате модерно и елегантно.

  1. Класична кожна чанта

Трендовите и сезоните доаѓаат и си одат, но Французинките скоро слепо се држат до класиците кога станува збор за торбите. Класичната црна или кафеава кожна чанта е едно од основните завршни парчиња што парижаните ги вклопуваат во секоја можна комбинација.

  1. Очила за сонце

Летото може да заврши, но тоа не значи дека очилата за сонце треба да се одложат до пролет. Французинките ги носат затоа што со правилен избор на модели, тие секогаш изгледаат софистицирано со нив, притоа помагајќи им да ги сокријат трагите на непроспиената или луда ноќ што стои зад нив.

  1. Ролка

Нема поубава и попрактична модна класика од црна ролка! Лесно може да се комбинира со сите можни парчиња, од здолниште во весела боја до фармерки и класични панталони и е погодно за секоја пригода. Освен црната, пожелни се и други неутрални бои како бела, беж или розова пудра.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement