Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Брижит Макрон демонстрираше Француски шик стајлинг за сите генерации…

Сопругата на Емануел Макрон е љубител на модните класици, а сега од гардероберот извади проверена комбинација.

Претседателот на Франција Емануел Макрон беше многу забележлив по финалето на Светското првенство во Катар, пред се поради немилите сцени кога се обиде да го утеши фудбалерот Килијан Мбапе.

Така тој накратко ја засени својата придружба на финалниот натпревар на Светското првенство, кој се одигра меѓу репрезентациите на неговата земја и Аргентина. Во центарот на вниманието, како и секогаш, беше сопругата на Макрон и прва дама на Франција, Брижит Макрон, која дефинитивно заслужи да се зборува за нејзиниот стил.

Шармантната Брижит е позната по тоа што претежно избира класика кога е во прашање облекувањето за специјални пригоди, па може да се пофали со завиден „арсенал“ на добро скроени капути, а сега донесе уште еден дамски костум.

Женските костуми во последните сезони се докажан рецепт за елегантен изглед, па сопругата на Емануел Макрон често ги носи, а за финалето на Светското првенство избра бел модел.

Брижит се појави во струкирано сако кое ги истакнува рамениците, а дополнителна доза на гламур постигнува со ефективни златни копчиња, додека деловните панталони со прав крој прават сè да изгледа уште поелегантно. Сепак, има и малку романтика – бела кошула со машна,безвременски женски детаљ за поформални прилики.

Колку заносно изгледа првата дама на земјата на модата најдобро говори тоа што нејзиниот сопруг цело време ја гушкаше, а во еден момент на радост ја бакна во образ.

Сопругата на Макрон го комплетираше своето шик издание со едноставни бели салонки со високи потпетици, но да не е целосно облечена во бело – во рацете носеше плик-чанта во крем боја украсена со тока со блескави кристали.

Чист гламур, како што сме навикнати да ја гледаме г-ѓа Макрон!

Прочитај

Green Tea

Раната дијагноза на рак на панкреас е клучна за успешно лекување, но симптомите во раните фази често се неспецифични и лесно може да се...

Green Tea

Промената на исхраната игра клучна улога во регулирањето на триглицеридите и одржувањето на здравјето на срцето. Се препорачува консумирање здрави масти, како што се...

____celebrity

Холивудскиот актер Брус Вилис (69) повеќе не е свесен за својата болест и тешката дијагноза.Неговата сопруга Ема Хеминг Вилис, која е со него во...

Green Tea

Сите сме биле таму барем еднаш. По оброкот, се чувствувате тешко, стомакот ви е надуен, а панталоните ви се тесни. Лековите не се секогаш...

Advertisement