Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Брендот Palace лансира добротворна колекција во чест на Витни Хјустон

Колекцијата е лансирана по повод вклучување на пејачката во „Домот на славните на рокенролот“

По трагичната смрт на Витни Хјустон во 2012 година, нејзиното значење за светската култура продолжи да расте. Креаторите на „Rock & Roll Hall of Fame“ решија да го прослават ова и ја вклучија и пејачката меѓу истакнатите уметници.

Брендот Palace реши да го прослави овој настан со капсула колекција. Веста е веќе објавена на нивниот Инстаграм профил, а новата колекција ќе вклучува капи, бомбер јакни и дуксери со портрети на пејачката и зборовите „Whitney“. Веќе е познато дека колекцијата ќе биде од добротворна природа, односно дека приходот од продажба на нештата ќе оди во фондацијата Whitney E. Houston Legacy, која самата пејачка ја основала во 1989 година.

Парчињата од колекцијата ќе бидат пуштени во продажба на 14 ноември.

Витни Хјустон за прв пат била номинирана за влез „Rock & Roll Hall of Fame“ во нејзиниот живот, но дури сега ја добила оваа чест. Организаторите го забележаа нејзиниот придонес и во музичката култура и во општествениот живот. Да потсетиме, Витни Хјустон го освои и Гинисовиот рекорд за најнаградуван изведувач во историјата.

Многу модерни sвезди како Бијонсе и Лејди Гага ја нарекуваат Витни нивна инспирација во музичкиот свет.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement