Славниот актер, продуцент и производител на пенливо вино, се испроба во улогата на моден дизајнер, благодарение на новата соработка со брендот Brioni…
Холивудскиот миленик се здружи со италијанската модна куќа заедно да лансираат ексклузивна колекција, која се базира на неговиот префинет, машки стил. Пит е заштитно лице на брендот Brioni од 2019 година и редовно носи ансамбли со нивните потписи на црвените теписи. Сепак, овој пат, брендот во сопственост на конгломератот Kering, за прв пат, се здружи со својот амбасадор за да создаде нова колекција.
Соодветно именувана како BP Signature, колекцијата од седум дела комбинира палета на пригушени тонови со игра на текстури, додека се излачува ненагласениот, лежерен стил по кој е познат добитникот на Оскар. Линијата се состои од парчиња во кои лесно можете да го замислите шармантниот Пит, вклучувајќи костум во јаглен боја со две копчиња, кашмир сако, долг, лесен џемпер од кашмир и капут.
Постои и вечерен изглед кој е особено инспириран од облеката што славниот актер ја носеше на 92. доделување на Оскарите минатата година, каде ја освои категоријата за најдобра споредна машка улога во филмот „Once Upon A Time in Hollywood“ кој вклучува плишана сако и соодветни волнени панталони, заедно со елегантна памучна кошула.
„Освен што е една од највлијателните sвезди во Холивуд, и пред и зад камерата, Пит е икона на стилот, олицетворение на лежерната елеганција на современ човек со зачудувачка ноншалантност и грациозна самодоверба . Неговиот личен стил, во комбинација со изработката на Brioni, доведе до уметничка идеја за создавање на BP Signature “, велат од познатиот бренд.
Покрај сето тоа, секое парче од колекцијата има ексклузивна етикета со потпис на славниот актер, додека цените на парчињата се движат од 550 до скоро 4.100 €.





