Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Бојата која е белег на чистота и пркос

Светот на модата и неговата феноменологија главно се дефинирани со бои кои тие не се. Апсолутното отсуство на сите бои (црна) или нејзината спектрална синтеза (бело) се темелите на стилот што во голема мера ја обликуваа модата и изгледот на облеката. Белата е архетип на чистота, невиност, симбол на соединување со божественото во чинот на крштевање и морален интегритет. Нормите на европското разбирање на белата боја имаат спротивно значење во Азија, каде белото најчесто се поврзува со жалост и погребен чин. Ова е случај во будизмот, но исто така и во хиндуизмот, додека за исламската вера белата боја е најчиста од сите бои, а се препорачува мажите првенствено да носат облека од оваа боја.

Белата боја има јасно дефинирана симболика и маниризам што доаѓа со неа, но нејзината употреба не беше толку застапена од исклучително практични причини. Белата е симбол на чистота, но белата боја е исто така многу лесно се валка, затоа е резервирана за посебни прилики. Ваквиот третман не ги заобиколи ниту оние на највисоките скали во општеството.

ДОДЕКА Е ПОВРЗАНА со симболиката на нежност и невиност, белата боја брзо го стекна епитетот на боја на отпор и спротивставување на конвенционалното

До венчавката на британската кралица Викторија со принцот Алберт во 1840 година, венчаниците беа од сите бои, освен бели. Монарсите имаа неколку бои да изберат за чинот на брак, па затоа беше преседан одлуката на тогаш дваесетгодишната девојка да избере едноставен бел фустан со украс во форма на хонитонска чипка (град на југоистокот на Англија). Непишаното правило е дека гостите очекувале идната кралица да засени со фустанот. Викторија имаше друга намера, а тоа е да ја искористи едноставноста на белиот фустан како порака дека таа, како монарх на цела Англија, внимателно и разумно ќе ги потроши националните ресурси …

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement