Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Блејк Лајвли покажа како се носи ЕДНОСТАВЕН БЕЛ ФУСТАН: Со потпетици можете за Навечер, со рамни сандали за дневно излегување (ФОТО)…

Белиот фустан е парче облека кое ова лето мора да го имате во гардеробата.Блејк Лајвли се појави на проекцијата на филмот на нејзината пријателка Тејлор Свифт во Лос Анџелес, во придружба на Рајан Рејнолдс.Двојката цела вечер се држеше за раце, а Блејк ги воодушеви сите со нејзиниот едноставен, прекрасен бел фустан кој речиси секоја жена го има во својата гардероба.

Блејк ги маѓепса сите присутни со лесен фустан без прерамки и длабоко деколте.

Освен деколтето, погледите на сите присутни ги привлече и нејзиниот извајан грб, што се гледаше од овој малку смел фустан.

Овој пат чуваната холивудска ѕвезда реши да ја завитка долгата руса коса во нежни бранови, кои и паднаа преку рамениците.

Целиот аутфит го комплетираше со златни синџири со камења и беж чанта носена преку рамо. Доза на елеганција на целиот тоалет и дадоа сандали со високи потпетици во беж боја со златни детали.

Овој фустан може да се носи преку ден доколку се носи со рамни сандали или балетанки.

Рајан, кој го следеше Блејк по стапките, овој пат се одлучи за сини панталони со рамни ногавици и бели патики.

Тој ги засука ракавите на црната маица, а аутфитот го комплетираше со наочари со црн раб.

Двојката се држеше за раце, а Рајан им мавташе на фановите додека минуваа покрај влезот во хотелот „Бикон“, каде се одржа проекција на новиот филм.

Блејк и Тејлор (32) се пријатели со години, па не е чудно што Блејк реши да биде меѓу првите кои ќе пристигнат на овој важен филмски настан.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement