Оваа зима живејте ги вашите париски соништа и комплетирајте ја облеката со трендовски беретки.
Многумина од нас фантазираа за есента помината на улиците на магливиот Париз, пиејќи топло кафе со поглед кон Ајфеловата кула, грицкајќи лиснато со чоколадо, но пандемијата нѐ спречи да ги претвориме соништата во реалност. Затоа, тргнавме во потрага по парчиња облека за да ни помогнат да го приближиме Париз до нас.
Една од малите нешта што секоја модна комбинација ќе ја претвори во аутфит вреден за оној на една парижанка е беретка. Оваа традиционална капа повторно се враќа во мода и едвај чекавме за постудените денови да се користи беретка за да се создаде романтична облека по урнек на француските трендсетерки.
Можеме да ги носиме на неколку начини, а кој и да го изберете, не можете да погрешите. За комплетно искуство, ве советуваме да комбинирате светло црвен кармин, бела кошула или маичка во риги со беретка, а сето тоа да го заокружите со фармерки. Покрај вечно популарната црвена беретка, оваа сезона ќе се носат и бои на камила, како и беж, портокалова и светло розова.
Кога ќе набавите трендовска беретка, ќе бидете чекор поблизу до совршената облека за патување во Париз, откако ситуацијата во светот ќе се нормализира.










