Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Белите чорапи веќе не се скриени: Некогаш беа предмет на исмевање, денес се главна ѕвезда на стајлингот

Кон крајот на 80-тите и 90-тите, ако носевте бели чорапи што се наѕираа под избран модел на панталони или тренерки, носевте „забранет“ тренд, но времињата се менуваат, а ова класично модно парче денес е клучно парче во sвездите на уличните стајлинзи.

На спомнувањето на белите чорапи, многумина првенствено ќе помислат на кралот на попот Мајкл Џексон. Изданијата во тесни црни панталони под кои се наѕираа бели чорапи во комбинација со класични, црни чевли, станаа негов заштитен знак.

Оваа естетика, која можеше да стане голем тренд кон крајот на 80-тите и 90-тите, резултираше со спротивен ефект. Белите, спортски чорапи не беа прифатени во секојдневниот изглед и до неодамна се носеа исклучиво за спортски цели.

Времињата се менуваат, а исто така се менува и поимот за модното значење на обичното модно парче, како што се белите чорапи. Во комбинација со таканаречени „татковски“ патики, рамни чевли како мокасини или оксфорд, белите чорапи во стајлинзи денес се повеќе од добредојдени.

Стајлинзите на модните зависници од светската улична сцена зборуваат во прилог на овој факт, а некои дами сакаат да одат чекор подалеку комбинирајќи ги со навидум некомпатибилни обувки како што се чевли со високи потпетици или балетанки.

Сакајте го или мразете го, трендот на бели чорапи е нослив и потполно благ кон паричникот, а еве неколку примери како тие се истакнуваат во стајлинзи од една од најголемите sвезди на уличниот стил на денешницата.

Прочитај

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Advertisement