Секоја година, престижниот британски магазин GQ ја избира славната личност со најмногу стил, а овој пат таа ласкава титула и припадна на манекенката Бела Хадид. Иако не е најплатената манекенка во светот, американската ‘it’ девојка е лице кое сигурно ќе одбележи една генерација, целосно доминирајќи во модната индустрија. Познатата бринета редовно ги освојува улиците на американските градови со стилски улични изданија во кои носи неспоиви парчиња кои ретко кој би се осмелил да ги извади, а не и се непознати гламурозните креации кои редовно и го заслужуваат статусот на најдобро облечена дама на црвен тепих. Подолу ги одбравме 5-те најдобри глам и улични изгледи на познатата убавица…
Престижниот британски магазин GQ објави листа на триесет најдобро облечени луѓе за 2023 година, а Бела Хадид се искачи на врвот.
Атрактивната 26-годишна манекенка стана „жената со најмногу стил на планетата“ и ја симна од тронот својата колешка Кендал Џенер, која минатата година ја доби таа чест.
Списанието наведува дека нејзината способност да ja направи сета облека – машка, женска, улична облека, паметна облека, брановидна облека – да изгледа добро на неа, и ја обезбедила оваа ласкава титула.
Во соопштението за печатот се наведува и дека нивната „омилена верзија“ на Бела Хадид е онаа во која таа носи машка облека, мокасини Прада, тексас јакна и фармерки. Нејзиниот стил беше опишан како „брановидна облека која е класична и некомплицирана во исто време“.Заедно со постарата сестра Џиџи, сестрите Џенер и супермоделот Хејли Бибер, манекенската ѕвезда важи за една од најголемите трендсетерки на денешницата, како и предводник на враќањето на ретро трендовите од почетокот на милениумот.
Во оваа ласкава листа се најдоа многу познати имиња како Хари Стајлс, Зендаја, Тимоти Шаламе, Ема Корин, Ким Кардашијан, Зои Кравиц, Џејден Смит, Флоренс Пју, Лизо, Дуе Липа, Остин Батлер и многу други.
Во продолжение ги одбравме 5-те највпечатливи стајлинзи на американскиот модел:


