Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Бела Хадид знае како да го разубави летниот тренд! Мини здолништето во стилот на деведесетите е главна ѕвезда на стајлингот…

Мини здолништата се враќаат во стилот на 1990-тите кога владееја карираните модели.Тие визуелно ги издолжуваат нозете и најдобро изгледаат со класични кардигани и ретро мокасини.Посебно се популарни малку плисирани модели во зелени нијанси.Кога британската дизајнерка Мери Квант ги претстави првите мини здолништа во раните 1960-ти,дошло до големо незадоволство: дотогаш никој не се осмели да претстави парче што покажува толку гола кожа. Во секој случај, жените кои носеа модели на Quant беа сигурни дека ќе им се восхитуваат исто толку колку што ќе бидат критикувани. Но, тоа само допридонесе Мери Квант во продавницата да ги има во уште поголем број, за мини здолништето набрзо да стане симбол на социјална слобода и еманципација.

Микроманија се враќа денес, а тоа е моден тренд кој го слават светските модни куќи од Miu Miu до Prada преку Gucci и Chanel.Трендот на супер кратки мини здолништа оваа сезона доаѓа во класичниот А-крој, најчесто изработени од мазна ткаенина или плисирани, а особено популарни се моделите со кариран или шаховски дезен.

Токму таков тип на мини здолниште носеше Шер Хоровиц во филмската класика „Clueless“ од 1995 година, која го носеше своето мини здолниште комплетно со соодветни блејзер, елек и бели чорапи.Додека пак во 2022 година и Бела Хадид не освојува со својот стајлинг.

Супермоделот и апсолутна трендсетерка Бела на тој начин блесна во изданието со карирано мини здолниште кое го искомбинира со јакна Burberry со патент, ретро чанта за куглање и лакирани мокасини кои ги усогласи со бели чорапи. Комбинација која зрачеше со ретро вибрации, но сепак изгледаше модерно!Бунтовничкиот дух од минатото повторно се слави како што се гледа со враќањето на мини здолништето, а кога станува збор за стајлингот, дизајнерите се согласуваат со Шер Хоровиц и Бела Хадид: карираното мото на моментот! Комбинирајте го здолништето со соодветна јакна и мокасини бидејќи се веќе популарни оваа сезона и бели чорапи!

Прочитај

Green Tea

Удвојте ја среќата со симболот дијамант и освојте до 10 добивки на еден лоз Инстант лозот „Дијамант“ на Државна лотарија, нуди возбудлива можност за...

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Advertisement