MICHAEL Michael Kors за својата кампања #MKGO за есен/зима 2021 ги вклучува најубавите супермодели кои позираат во најновите парчиња облека на брендот.
Најновата колекција со привлечни и топли портокалови и кафеави тонови, со опсег на облека и стилови инспирирани од атлетиката, беше претставена од моделите Бела Хадид, Синди Брун и Еш Фу, позирајќи во Њујорк.
Есенската колекција нуди премиум парчиња за млади џетсетери, вклучувајќи маици, хеланки и плетени фустани, како и модни додатоци како чанта со логото SoHo и ранецот Хадсон. Чевлите на MICHAEL Michael Kors за есенската сезона се наменети за жени кои постојано се во движење. Особено се претставени патиките Olympia Extreme и чизмите Keke Extreme.
Покрај дизајнот на облека и чевли, кампањата ги претставува и најновите стилови на часовници, капи и очила за сонце.
„Еднакви делови на луксуз и слободно време, понудите на #MKGO мора да имаат стилови за врвните џетсетери, обезбедувајќи вистинско освежување на гардеробата што е потребно додека светот повторно се отвори“, се вели во соопштението на брендот.




