Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Атрактивната Селена Гомез изненади со стилскиот изглед во хај-стрит парчиња и потврди дека розевата Е Хит-боја на сезоната!

Музичарката Селена Гомез ги воодушеви гостите на холивудскиот телевизиски настан со својата шик комбинација и покажа дека навистина се грижи за најновите трендови, а нејзината експертска комбинација на high street и дизајнерски парчиња го потврди нејзиниот статус на модна икона…

Селена Гомез, 29-годишната поп-ѕвезда и актерка со својот стилски изглед привлекува воздишки во секоја прилика, а пред неколку дена повторно ги маѓепса погледите на настанот Deadline Contenders Television во Лос Анџелес.

Розовите тонови се многу тренди оваа пролет, а згодната пејачка и претприемачка зад брендот Rare Beauty не пропушти да ја покаже својата шик интерпретација на хит бојата на сезоната.

Поранешната ѕвезда на Дизни ги воодушеви гостите со својата монохроматска комбинација, која во голема мера е поддржана од high street парчиња.

Комплетот составен од фустан со тренди деколтеа и јакна која потсетува на париски шик, ја потпишува шпанскиот хај-стрит гигант Mango.

Прекрасната комбинација ја надополни со црни ‘mule’ чевли од реномираната британска куќа Jimmy Choo,златни обетки кои со добра причина се безвременски модни класици, потпишани од познатиот канадски бренд Jenny Bird.

Прочитај

Wall Street

Samsung одлучи да ја затвори својата услуга Samsung Max, апликација за приватност и заштеда на податоци што ја користат повеќе од 50 милиони луѓе...

Green Tea

Брановите во косата се еден од најпопуларните избори со години, а со вирален трик на TikTok, ќе имате совршена фризура за пет минути. Постапката...

Cotton Club

Силуетата изгледа издолжена и хармонична, а половината е визуелно нагласена, а да не зборуваме за удобноста. Доколку барате панталони кои визуелно го стеснуваат вашиот...

Green Tea

Што треба да јадете, а што генерално да избегнувате? Промените во животниот стил, вклучувајќи ја исхраната и губењето на тежината, се главните начини за...

Advertisement