Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Анџелина Џоли: Модел на чизми до глужд за дами кои се грижат за удобноста и изгледот на чевлите…

Во пресрет на Денот на благодарноста, Анџелина Џоли отиде на шопинг со својата ќерка Захара. Го посетија познатиот бутик  Fred Segal  во Лос Анџелес и по шопингот си заминаа дома со полни торби. Захара оваа година ги започнала студиите на колеџот Спелман во Атланта и се отселила, а сега се вратила во Лос Анџелес за да ги помине празниците со семејството, што сигурно најмногу ќе ја задоволи нејзината мајка.

Анџелина за шопингот избра комбинација во која постојано ја гледаме. Нејзиниот стил е многу едноставен, а во нејзината гардероба доминира пристојна и класична облека во неутрални бои како црна, која навистина сака да ја носи.

Така и овој пат таа беше облечена во црно од глава до пети, а на внимателните љубители на модата сигурно им го привлекоа вниманието нејзините чизми до глужд.

Не е тешко да се препознае чиј модел носи познатата актерка – златното лого во форма на V на петицата открива дека станува збор за чизми до глуждови на Valentino.

Тоа е нивниот модел кој е направен од вистинска кожа. Едноставните чизми до глужд имаат блок-пета висока шест сантиметри и заоблен горен дел, поради што дефинитивно можеме да ги класифицираме како еден од најудобните модели.Чевлите со шилести врвови се популарни во последниве години, но не им одговараат на многу жени бидејќи се премногу тесни и на крајот многу неудобни. Овие чизми до глужд ја немаат таа дизајнерска карактеристика, но го имаат најудобниот стил на умерена потпетица.

Прочитај

Green Tea

Удвојте ја среќата со симболот дијамант и освојте до 10 добивки на еден лоз Инстант лозот „Дијамант“ на Државна лотарија, нуди возбудлива можност за...

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Advertisement