Анџелина Џоли долги години ја нарекуваат стилска икона, додека нејзините елегантни стајлинзи служат како инспирација за многу жени ширум светот.
Пред неколку дена се дозна дека обожавателите на оскаровката наскоро ќе можат не само да ја копираат нејзината облека, туку и да пробаат сопствен бренд на облека. Упатените изјавија дека актерката веќе поднела апликација за регистрација на брендот под името Atelier Jolie и дека сака да се проба како дизајнер: „Анџелина работи на овој проект повеќе од една година. Таа се надева дека сè ќе биде одобрено за да може да продолжи со нејзиниот нов потфат“.

Анџелина Џоли планира да произведува не само облека, туку и да создаде линија за накит. Ѕвездата ќе лансира и постелнина и прибор за домаќинство: таа е голем поддржувач на одржливата мода и токму тука ќе се фокусира брендот. Планот се уште е во развој, но тркалата се веќе во движење.Да потсетиме дека Џоли неодамна предизвика гласини за афера со наследникот на династијата Ротшилд. Ѕвездата беше забележана како се среќава со Дејвид Мајер де Ротшилд во Лос Анџелес. Според очевидци, актерката поминала повеќе од 3 часа со него во ресторанот. Упатените известуваат дека по разводот со Бред Пит повремено се среќава со мажи, но деталите не се појавуваат на социјалните мрежи поради претпазливоста на ѕвездата. Пред средбата со Џоли, сите тие потпишуваат договор за необјавување, кој им забранува да споделуваат информации со печатот.
