Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

АНТОАН АРНО ОФИЦИЈАЛНО ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА КОМПАНИЈАТА CHRISTIAN DIOR…

Антоан Арно, најстариот син на францускиот милијардер Бернар Арно, официјално ја презема функцијата извршен директор на брендот Christian Dior,кој е под капата на конгломератот за луксузни стоки LVMH.

Антоан беше именуван за извршен директор и потпретседател и го замени 71-годишниот Сидни Толедано, кој беше претседател на LVMH Fashion Group и поранешен шеф на брендот Christian Dior Couture. Пјетро Бекари останува претседател и извршен директор на Christian Dior Couture.

Антоан сега игра водечка улога во луксузната империја на семејството милијардери, а Бернард го зазема второто место. Најстариот син ќе продолжи да ги исполнува своите други улоги како член на одборот на LVMH, како и да го надгледува и води брендот Berluti во областа на имиџот и комуникациите.Christian Dior сега поседува 41% од компанијата LVMH.

Бернард Арно (73) допрва треба јавно да го именува својот наследник, кој ќе раководи со распространетата империја на луксузна мода, иако се верува дека едно од неговите пет деца еден ден ќе го преземе целиот холдинг. Сите пет деца на Бернард Арно се уште се на раководни позиции во конгломератот LVMH.

Прочитај

Cotton Club

Луис Хамилтон и Колман Доминго беа меѓу гостите во првиот ред на ревијата на Ралф Лорен за време на Неделата на модата во Милано,...

Green Tea

Толеранцијата на фрустрација кај децата се намалува, а психолозите како главни причини ја наведуваат прекумерната заштита и недостатокот на искуство во справувањето со мали,...

____celebrity

Се најдобро за неа! Колумбиската пејачка Шакира повторно го привлече вниманието на јавноста, овој пат за опуштена семејна прошетка со своите синови Милан и...

Green Tea

Доколку сте забележале дека вашата чиста постелнина во вашиот плакар има мувлосан мирис, експертите велат дека најчестите причини се преостанатата влага, лошата вентилација и...

Advertisement