Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Американската актерка Зендеја Колман повторно покажа зошто ѝ нема конкуренција кога е црвениот тепих во прашање…

Модните инсајдери беа загрижени што ќе се случи со стилот на американската актерка Зендаја откако нејзиниот стилист Ло Роуч објави дека се пензионира, но изгледа дека тоа не ги менува работите – тој сепак е нејзиниот најблизок соработник, што значи дека ќе видиме многу поневеројатни изгледи!

За работите да бидат уште подобри, пред неколку дена беше потврдено дека ѕвездата на филмовите „Дајне“, „Величествениот шоумен“ и серијата за Спајдермен е новото лице на модната куќа Louis Vuitton.

Актерката сега за прв пат се појави на еден настан како амбасадор на овој француски бренд и уште еднаш не потсети зошто Здружението на модни дизајнери на Америка ја прогласи за најмлада модна икона.

Зендеја во Cinemacon пристигна многу стилски, во панталони со широки ногавици, висок струк, кои се јасно инспирирани од бизнис стилот, но со малку бохо „твист“.Сето ова го искомбинирала со високи салонки со шпиц врв и шик елек,целиот стајлинг изгледа премногу невообичаено.

Станува збор за модел кој целосно е отворен на грбот, има подлабоко деколте и тенки долги ревери, а Зендеја го носеше на голо тело.

Овие парчиња се дел од колекцијата на Louis Vuitton есен 2023 година и ги видовме како комплет на ревијата каде што беа претставени, а на Зендаја изгледаат како уште поефикасна комбинација на класика и авангарда отколку што изгледаше на писта.

Прочитај

Green Tea

Сите луѓе имаат омилена поза во сексот, која им носи барем малку повеќе задоволство од сите останати пози. Причините кои доведуваат до одбирањето омилена...

Green Tea

Одржувањето на стаклото од тушот беспрекорно може да биде фрустрирачко бидејќи е постојано изложено на разни производи за капење, но постои природен начин да...

____celebrity

Актерката Ања Тејлор-Џој уште еднаш докажа дека е вистинска модна икона, појавувајќи се во снежнобел проѕирен фустан кој ги воздивна сите. На 16-тото годишно...

Green Tea

Медот е одлична природна состојка која може да се користи за да се направат ефикасни домашни козметички производи. Овие козметички производи од мед можете...

Advertisement