Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Амал Клуни: Ефективен мини фустан и омилени сандали за беспрекорно издание

Амал и Џорџ Клуни уживаат на одморот во италијанската Ломбардија, на езерото Комо. Меѓу другото, деновите ги користат и за посета на тамошните знаменитости, а во средата прекрасниот пар заминал на една туристичка обиколка со брод.

Со нив биле и петгодишните близнаци Алеандер и Ела, а семејството будно го следеле љубопитните фотографи, кои посебно внимание посветиле на убавата адвокатка.

Амал Клуни за семејното излегување носела ефективен црвено-бел мини фустан на Валентино. На нејзиното рамо носела и соодветна чанта Валентино Гаравани.

Валентино Гаравани е дел од италијанската модна куќа Валентино која се фокусира на чанти, чевли, мали кожни производи и други модни додатоци за жени и мажи, додека модната куќа Валентино се фокусира првенствено на облека.

Познатата адвокатка фустанот без ракави и рамен крој го комбинирала со бели отворени сандали со вртоглаво висока платформа, која жените обожаваат да ја носат во летните месеци, а од сонцето се заштитила со голема сламена капа и очила за сонце.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement