Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

АКТЕРКАТА ЛИЛИ ЏЕЈМС ГЛАМУРОЗНА ВО НОВАТА КАМПАЊА НА VERSACE ЕСЕН/ЗИМА 2022 ГОДИНА …

Versace ја претстави својата кампања за есен/зима 2022/23 година со Лили Џејмс на чело со модното фотографско дуо Мерт Алас и Маркус Пигот.

Актерката номинирана за Еми ја портретира божицата на Versace, митолошкото божество и современиот бунтовник, во кампања која ја спојува класичната култура со моќното заведување.

Во кампањата, покрај Лили Џејмс, се појавуваат и моделите Аванти Награт, Лулу Вуд, Мила ван Етен, Паркер Ван Норд, Рис Нелсон, Смила Освалд, Софија Беласри и Џилан Хуа.

Рекламната кампања е снимена во Рим, а прекрасната Лили Џејмс позира во целосно црна облека, комплетирана со ракавици од латекс и горен дел кој личи на корсет. На друга фотографија, британската убавица може да се види како позира во црвен фустан со фигури, додека во рацете држи чанта од „Greca Goddess“ во црвена боја.

„Кога @lilyjamesofficial  застана пред камерата, таа се трансформираше! Носењето на колекцијата го отклучи нејзиниот личен став и таа доби нова енергија и моќ. Токму така треба да се чувствувате кога носите Versace“, изјави главниот креативен директор Донатела Версаче на Инстаграм, за рекламната кампања.

„Беше толку посебно и возбудливо да се биде во семејството на Versace на Донатела, без разлика дали присуствував на модни ревии, носев Atelier  Versace на овогодинешните Оскари, Мет Гала, а сега и во кампањата на Versace! Навистина никогаш не сум се чувствувала посилна и неверојатно како носењето облека веднаш направи да се чувствувам како божица на Versace.Тоа е голема чест. Ти благодарам за се Донатела, ти си инспирација. Еве сме!“, изјави Лили Џејмс за учеството во рекламната кампања.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement