Адидас објави нова верзија на моделот патики ZX 10000, дизајниран да наликува на зграда од Симпсонови.
Дизајнерите кои работеа на оваа патика беа инспирирани од комбинацијата на бои на ресторанот за брза храна Красти Бургер од оваа популарна анимирана серија. Како и нејзината маскота, кловнот Красти, адидас ЗХ 10000 има нијанси на розова, тиркизна и кафеава боја. Основната боја на патиките е бела, а некои рабови се обоени во црна и црвена боја. Под традиционалните адидас ленти, има стилизирана буква Z, што е лого на моделот ZX 10000.

Овие патики излегоа како дел од серијата Three Stripes A-ZX на адидас. Добро познатиот германски производител направи план за продажба на нови 26 модели на адидас обувки, каде што името на секоја од нив започнува со една буква од азбуката.
Патиките Адидас Крусти Бургер затоа се модел со буква К. Засега може да се купат само преку апликацијата adidas CONFIRMED по цена од 130 американски долари, додека масовно нема да бидат достапни до 27 февруари.

