Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Што се случува со нашата психо-физичка состојба кога преживуваме разделба

Речиси секој од нас, зависно од годините и искуството, поминал низ болна разделба.

Чувството како аутсајдер е најмалото нешто што го чувствуваме. Иако гледаме на овој момент како на нешто што времето го лекува, излегува дека навистина телото и психата имаат потреба од лекар.

Погледнете кои се најчестите физички и психолошки промени кои се случуваат при разделба. И не заборавајте дека најдобри лекови остануваат најдобрите пријатели – позитивното размислување и се разбира новата љубов.

Вашиот мозок регистрира вистински чувства на болка

И тоа воопшто не е сугестија. Студија објавена во Journal of Neurophysiology потврдува дека кај луѓето на кои им се прикажани слики на поранешните половини, е предизвикана мозочна активност, која се регистрира кај физичката болка.

Според специјалистите, деловите во мозокот, кои стануваат активни при оваа ситуација се исти како оние кои се активираат при зависности од дрога.

Друго чудно истражување од 2013 година објавено во Psychological Science, покажува дека парацетамолот кој е активната состојка во многу лекови, може да ја намали болката од социјалното отфрлање.

Страдаме од синдром на скршеното срце

Ова не е мит. Состојбата се следи при силни ситуации на стрес какви што се оние во кои се разделуваме со својот парнер. Луѓето кои страдаат од овој синдром го опишуваат статусот како силна болка во пределот на градите.

Тогаш има привремено прекинување на нормалната функција на срцето и испумпувањето на крвта, а останатите функции на срцето се со уште посилни контракции. Сето ова повторно се должи на наплив на хормони на стресот.

Од оваа состојба почесто се погодени жените и поретко мажите, а истата во ретки случаи може да биде придружена со срцев удар. Лошата вест е дека синдромот на скршеното срце може да доведе до краткорочна срцева слабост. За среќа оваа состојба поминува по само неколку дена.

Кожата ви е подложна на акни

Постојат голем број на фактори, кои можат да предизвикаат појава на акни, како начин на исхрана, несоодветна нега, често загадување и други. Но покрај овие фактори, стресот е исто така клучен и може да го наруши здравјето и убавината на кожата. Научниците велат дека кај 23% од луѓето кои доживеале силен стрес при разделба со саканиот човек, се појавува овој непријатен кожен проблем.

Косата може да почне да паѓа

Стресот е сериозна причина за појавата на губење на косата, а моментите на разделба често се многу стресни. Ако неодамна сте завршиле врска, а спомените од неа уште излегуваат на површина, обрнете внимание на состојбата на косата. Косопадот при стрес првично го буниме со сезонскиот. Не дозволувајте драматичните промени да влијаат на здравјето и убавината на косата.

Разделбата со партнерот може да го промени начинот на кој се гледаме себе, особено по долга врска. За време на врската сè било „ние“ и за двајцата. По нејзиниот крај треба да научиме да живееме за себе. Тоа може да биде тешко во првите денови за нас и да доведе до криза на идентитетот.

Се менува тежината

Апетитот и нивото на стрес се директно поврзани. По разделбата со саканиот човек, многу често губиме апетит и тоа се должи на високите нивоа на кортизол. Не се малку и оние кои во својата тага и обидите да се опоравуваат почнуваат да се прејадуваат. Сето ова се одразува на нашата тежина.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот...

Fine Living

90-тите се вратија во декорот на домот, но сега во помодерна, елегантна верзија. Минимализмот, некогаш ладен и стерилен, сега доаѓа со природни тонови и...

Cotton Club

Во ноќ на голема напнатост на модната писта на „Victoria’s Secret“, Бела Хадид привлече внимание со својот жежок и никогаш подобар изглед. Кога се...

Green Tea

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје. Иако често се препорачува...

Advertisement