Сакаш да возиш ролери?! Што мислиш за модел кој има батерии?
Можеби на прв поглед делуваат комплицирано, но не се, тие се многу едноставни за користење. Можат да се монтираат на било кои патики, дури и на обични чевли, а со нив можеш многу лесно да се движиш со брзина и до 20км на час.
„Рокет скејт“ се движат со помош на два електрични мотори, со јачина доволна за да се возиш најмногу до 90 минути.
Забрзувањето се постигнува со префрлање на тежината на телото врз прстите, а кочењето со префрлање на тежината врз петите.
Секако дека сето ова се следи со посебна апликација за мобилни телефони, која меѓу другото, го следи и патот по кој се движиш.
Цена? Од 400 до 500 евра.
httpv://www.youtube.com/watch?v=7egsQmpy9Ek

You must be logged in to post a comment Login