Според едно неодамна направено истражување од страна на италијански научници, аминокиселината цитрулин која ја има во лубеницата ја подобрува циркулацијата и може да ја ублажи еректилната дисфункција.
Имено, стручњаците објаснуваат дека нашето тело користи цитрулин за да произведе аминокиселина аргинин која пак делува како вијагра.
Инаку, агрининот го зголемува јаглерод диоксидот кој ги опушта крвните садови на ист начин како што тоа го прави вијаграта.
Освен тоа, дополнителниот јаглерод диоксид може да помогне и при лечењето на ангина, висок крвен притисок и друго срцеви проблеми, покажала студијата.
Лубеницата исто така е и одличен избор за жешките летни денови, бидејќи содржи 92 проценти вода, 8 проценти шеќер и само 71 калоирја по парче. Да не заборавиме дека е и одличен извор на Ц витамин.

You must be logged in to post a comment Login