Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

37 шокантни факти за човековото тело: Наутро сме сантиметар повисоки отколку навечер!

Дознајте што се сокрива човековото тело и колку сила имаат одредени органи

 

Дека човечкото тело е полно со неверојатни способности за кои малку знаеме, зборуваат следните триесет и седум шокантни факти. Дознајте што се сокрива човековото тело и колкава сила имаат одредени органи.

  1. Срцето е големо отприлика колку вашата дланка (во тупаница).
  2. Телото на дете има 300 коски, а телото на возрасен човек има 206.
  3. Дечјите коски побрзо се развиваат во пролет.
  4. Јазикот има 16 посебни мускули.
  5. Мускулите произведуваат топлина потребна за одржување на телесната температура.
  6. Човечкото тело има вкупно 96.000 километри крвни садови.
  7. Најмалите мускули на човечкото тело се наоѓаат во увото.
  8. Силата која срцето ја произведува со работа во еден ден би била доволна за придвижување на автомобил со брзина од 32 км/час.
  9. Стиснете тениска топка со сета сила. Тоа е отприлика силата која вашето срце ја употребува за пумпанје на крв секогаш кога крвта поминува низ него.
  10. Најголемата клетка во телото е женската јајце клетка, а најмалата мажкиот сперматозоид.
  11. Ноктот на средниот прст расте побрзо од останатите нокти.
  12. До 70 години од животот вдишуваме најмалку 600 милиони пати.
  13. На главата човекот просечно има 100.000 влакна коса.
  14. Девојчињата растат побрзо од машките деца.
  15. Бубрезите ја чистат крвта на целото тело секои 5 минути.
  16. Невозможно е да кивнете со отворени очи.
  17. Киселината која се наоѓа во желудникот доволно е јака да разложи цинк, но неможе да го уништи самиот желудник бидејќи тој постојано се обновува.
  18. Жеското срце чука побрзо од машкото.
  19. Женските се раѓаат со подобро сетило за мирис од машките, и така останува до крајот на животот.
  20. Машките побрзо го топат масното ткиво.
  21. Во текот на животот човекот просечно произведува доволно плунка да наполни два базени.
  22. Бебињата секогаш се раѓаат со плави очи. Меланинот во нивните очи во време на нивното раѓање сеуште се нема доволно собрано. Бојата на очите се менува во текот на првата година од животот.
  23. Откако ќе се најадеме, послабо слушаме.
  24. Ако плунката не се помеша со храна, нема да можете да ја изедете храната (пробајте да изедете нешто кога ви е сув јазикот).
  25. До 60 година поголем број од луѓето губат половина од рецепторите за вкус на непцата.
  26. После раѓањето големината на оѓите останува иста, за разлика од носот и ушите кои никогаш не престануваат да растат.
  27. Наутро сме околу сантиметар повисоки од навечер.
  28. Најсилниот мускул на човечкото тело е јазикот.
  29. Најсилна коска во човечкото тело е викицата.
  30. Рацете и нозете содржат скоро половина од сите коски во телото.
  31. Околи 32 милиони бактерии се наоѓаат на кожата, но тие воглавно се безопасни, а некои од нив се и корисни.
  32. Секоја минута во човечкото тело умираат околу 300 милиони клетки, а секојдневно се создаваат нови 300 билиони.
  33. Спиењето во ладна просторија ги намалува шансите за ноќен кошмар.
  34. Луѓето се единствените суштества кои испуштаат солзи поради емоции.
  35. Кога се раѓаат сите бебиња се далтонисти, па одредено време светот го гледаат во црно – бело.
  36. Човечката нога има дури 500 илјади жлезди кои лачат пот, а можат да излачат и до пола литар пот на ден.
  37. Мускулите на очите се придвижуваат отприлика 100.000 пати во еден ден. Токлу движења да направите со мускулите на ногата, ќе мора поминете 80 км.

 

Прочитај

Advertisement