Станува збор за Hanoi Golden Lake Нotel, кој е наречен така единствено заради навистина специфична причина. Според наводите, оваа 25-катна зграда е покриена со 5.000 метри квадратни позлатена керамика, што го прави првиот позлатен хотел во светот.
Сместено во округот Ба Дин во Ханој, на брегот на езерото Гианг Во, хотелско-станбениот комплекс претставува дело на групата „Хоа Бин“, а според плановите, сè треба да заврши до крајот на оваа година. На хотелот Hanoi Golden Lake му е даден прекрасен ентериер кој совршено одговара на неговиот ентериер, со парчиња позлатен мебел, 400 луксузни соби, базен на бесконечност на покривот и сето тоа е сместено на примарна локација.
Со хотелот ќе управува американската групација Wyndham Hotel, која ќе се погрижи да им понуди на своите гости вистинска услуга од светска класа. Цената на метар квадратен во станбениот дел на овој комплекс е 6.500 долари, додека една вечер во хотелскиот дел ќе чини околу 250 долари.





