Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Wall Street

Внимавајте што гуглате: Историјата на пребарување може да го открие вашиот идентитет

Во неодамна објавената студија може да се прочита дека вработените во Mozilla толкувале кориснички информации засновани врз историјата на пребарување на Интернет, бидејќи се утврдило дека корисниците имаат единствени навики кога станува збор за оваа активност. Таквите податоци се вредни за огласувачите на Интернет, бидејќи им овозможуваат да формираат прецизни целни групи и со тоа подобро да пласираат маркетинг содржина.

Корисничките профили креирани на овој начин можат да се користат за следење и идентификување на корисниците, дури и преку мали примероци на податоци поврзани со навиките на пребарување.

Студијата беше спроведена за да се разбие митот дека податоците за историјата на пребарување на Интернет не се корисни за огласувачите на Интернет, и беше насловена „Репликација: зошто сè уште не можеме да прелистуваме во мир: за единственоста и препознатливоста на историите на прелистување на веб“.

Новата студија е дизајнирана како продолжение на едно постаро истражување што беше спроведено во 2012 година, кога беа испитани 380 илјади корисници во навика за пребарување. Новата студија испитуваше податоци од 52.000 корисници и беа собрани директно од Firefox.

Заклучено е дека 99% од профилите креирани на овој начин се единствени, што значи дека тие се повеќе од корисни за прецизно идентификување на потенцијалните клиенти.

Прочитај

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Green Tea

Дознајте како да го заштитите од студот и правилно да се грижите за него во текот на зимата. Поинсетијата е еден од најубавите украси...

Advertisement