Во Сингапур, големиот технолошки центар на тој дел од светот, во рамките на луксузното одморалиште Марина Беј Сандс деновиве се појави необична лебдечка топка со значителна големина. Локалните медиуми откриваат, а сега „Apple“ официјално потврди, дека ова е нивната нова физичка продавница, „Apple Store“, сосема уникатен изглед, кој лебди на водената марина.
Apple Marina Bay Sands, велат тие од „Apple“, ќе биде место за споделување на креативни идеи, истражување, поврзување и создавање на нешто ново. Секако, ќе биде и место каде ќе се продаваат нивните производи, повторно на една од најексклузивните и скапи локации во светот, како што одговара на една „тешка“ компанија од два трилиони долари.
Пловечката шарена сфера продолжува серија необични архитектонски решенија на Apple, како што е стаклената коцка на 5-та авенија во Њујорк или Истанбул, целокупната фасада во Сеул, стаклениот плоштад во Милано, стаклениот дрвен валјак во Бангкок и слично.
Погледнете ги најубавите и необични продавници на Apple во приложената галерија:







