Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Wall Street

Снуп Дог и корона ви посакуваат добредојде во новата реклама за пиво – La Vida Más Fina

Пивскиот бренд Корона се здружи со агенцијата MullenLowe LA и легендарниот рапер Снуп Дог за да ја лансира својата најнова кампања насловена “La Vida Más Fina” или „Најдобриот живот“.

Целосно интегрираната кампања е осмислена да ги обедини сите пивски вкусови од брендот Корона и има за цел да даде еден нов и пооптимистичен поглед кон животниот стил кој го застапува брендот, поттикнувајќи нé да уживаме во моментите и да наоѓаме радост и во малите работи.

„Не можете да изберете сé во животот, но секогаш можете да изберете да го пронајдете доброто во животот. Со сé што се случува во светот, тоа е перспектива која луѓето можеби навистина имаат потреба да ја слушнат токму сега. Здружувањето со бренд како Корона за да се охрабрат луѓето да најдат повеќе од доброто во животот, тоа е La Vida Más Fina,“ истакна Снуп Дог по повод лансирањето на кампањата.

Кампањата беше лансирана на социјалните онлајн профили на компанијата, заедно со специјализирана колекција на анимирани слики преку платформата GIPHY. Таа ќе вклучува и телевизиски реклами од 15 и 30 секунди, како и повеќе дигитални и ПР активности. Од компанијата најавија дека наскоро во кампањата ќе бидат вклучени и други познати личности.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement