Како што се приближува летото, веројатно планирате да го поминете вашето време на отворен простор…
Доколку поради корона вирусот не планирате да патувате за време на летото, туку вашиот одмор ќе го поминете во својот дом, Samsung само што ја лансираше вистинската работа за вас. Станува збор за привиот 4K QLED TV за екстериер. Јужнокореанскиот гигант го претстави својот Terrace TV, кој е достапен во вериите од 55,65,75 инчи. Со оглед на тоа дека претходно ги имаат освоено бројни дневни прстории, сега со својот 4К модел, Samsung одлучи да излезе надвор од нашите домови.
Новиот Terrace модел е дел од “lifestyle“ семејниот телевизор, кој вклучува Frame, Sero & Serif. Сепак, тоа што го издвојува од останатите е неговите водоотпорни карактеристики. Притоа дизајнот е направен со земање на сите временски пригоди во текот на годината, Terrace има IP55 сертификат на отпорност на вода и прашина. Иако може да поднесе различни временски услови, тој сепак доби дискретен оквир и поседува дебелина од само 59.8 милиметри. ТВ исто така вклучува HDBaseT приемник, така што од вас се бара само да обезбедите место за монтажа и струја.

За среќа, издржливоста на овој телевизор не е креиран по цена на квалитетот на сликата. Секој сет доби 4K QLED дисплеј кој обезбедува јасност од 2.000 nits. Тоа значи дека ќе можете да уживате во чиста и остра слика, па дури и кога сончевите зраци директно ќе паѓаат на екранот. Телевизорот е опремен со Tizen, Samsung паметна ТВ платформа, а поддржува и бројни гласовни услуги, вклучувајќи Bixby, Amazon Alexa и Google Assistant.
Samsung исто така го претстави и Terrace soundbar, наменет за сите оние кои сакаат аудио квалитет што одговара на домашното кино. Исто како и телевизорот, soundbar-от е отпорен на вода и прашина, а поседува можности за Wi-Fi & Bluetooth конекција.
И Terrace TV & Soundbar се веќе достапни за купување. Моделот од 55 инчи, лини 3.455, додека пак за моделите 65 и 75 ќе треба да издвоите 4.999 односно 6.499 долари. Terrace soundbar е достапен по цена од 1.199 долари.
