Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Wall Street

Samsung воведува ново специјално издание на моделот galaxy z fold 2

Кинезите и оние кои планираат да ја посетат оваа земја ќе бидат воодушевени од нашите новости…

Како што веќе знаете, брендот Samsung воспостави партнерство со брендот Thom Browne, но и англиската компанија Aston Martin, за заедничко создавање на ограничено и специјално издание Galaxy Z Fold 2, попознато како Galaxy Z Fold 2 Aston Martin Limited Edition.

Слободно можеме да кажеме дека Galaxy Z Fold 2 е спектакуларен уред, сам по себе. Оваа соработка со Aston Martin ќе ни претстави специјално издание кое само ќе додаде на вредноста на овој мобилен телефон, кој стана омилен кај многумина скоро веднаш по неговото појавување.

Засега, она што можеме со сигурност да го кажеме во врска со оваа новина е фактот дека тој ќе биде достапен за купување исклучиво во Кина. Ќе биде претставен во голема сива кутија со логото на врвот, вклучувајќи го и Galaxy Watch 3, но без Galaxy Buds Live.

Специјалниот модел ќе има Snapdragon 865+ процесор со 5G конекција, со 7,6-инчен OLED екран и до 12 GB RAM и 512 GB простор. Кога станува збор за оперативниот систем, тој ќе работи со Android 10 од One UI. Исто така, новиот телефон ќе има три камери од 12 mpx, со батерија од 4.500 mAh и опција за брзо полнење. Судејќи според фотографиите на кои наидовме, дел од пакетот ќе биде и кожна маска Aston Martin, сина поло маица, црно капаче и црн Galaxy Watch 3.

Според извештаите, ова ново ограничено издание Galaxy Z Fold 2 Aston Martin ќе биде малку поевтино од варијантата со потпис на Thom Browne, која чини 3.299 долари. Дали овој модел ќе го освои остатокот од светот по Кина, останува да видиме.

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement