Објавувањето на повеќе различни места само ќе привлече повеќе луѓе на вашата страница и ќе им помогне на другите да ги видат вашите мислења и можеби да го достигнат вашиот профил.
Дајте му на вашиот профил посебен стил
Инстаграм е многу визуелна веб-страница – ако некој одлучи да го следи вашиот профил, можете да влијаете на начинот на кој го презентирате. Објавувањето слики по случаен редослед не помага, што значи дека треба да размислите како ќе ја организирате содржината. Најдобар начин за привлекување нови луѓе е стилот или темата. Постојат неколку многу убави тематики на Инстаграм кои корисниците можат да ги користат за својот профил и кои ќе помогнат да се организираат фотографии. Па така, многу е добар потег да размислуваме за квалитетот на индивидуалните натписи и за изгледот на самиот профил.
Внимателно со „хаштаговите“
Хаштаговите се многу добар начин за привлекување на луѓето кон објавите. Кога додавате хаштаг, помислете на оној што е многу популарен. На овој начин ќе привлечете секој што бара одредена тема, како и оние кои само пребаруваат популарен хаштаг.
Размислете за описите
Сликата може да вреди илјада зборови, што не значи дека секогаш можете да објавите слика без специфичен опис. Понатамошните описи им даваат на вашата публика повеќе информации за тоа кои сте и како ги објавувате сликите, што значи дека натамошните описи на натписите даваат „хумана“ страна, пренесува Makeuseof.

Правете интересни приказни
Покрај редовните објави на видеа и слики, добра идеја е и да фрлите поглед на Instagram Stories, пренесува Тпортал. Вашето Story се појавува на горниот дел од feedo-от на вашите следбеници и можете да пристапите до неа со кликнување на сликата на вашиот профил. Приказните им даваат на вашите придружници кратки моменти од вашиот секојдневен живот.
Опцијата Story е мултифункционална, што значи ви овозможува да користите слики, видеа и претходно снимена медија. Можете дури да додадете интерактивни анкети и да им дадете на корисниците можност да пишуваат пораки. Исто така, не заборавајте да користите хаштагови за да ја зголемите нивната видливост. Секоја приказна трае 24 часа, со тоа што најинтересните работи можете да ги зачувате во Highlights, кои ќе останат над вашиот профил сè додека не ги избришете.
Објавувајте често
Алгоритмот на Инстаграм ги става неодамна објавените фотографии во прв план. Со други зборови, има поголема веројатност да биде прикажана објава на feed-от, ако неодамна сте ја објавиле и ако корисникот неодамна комуницирал со слични натписи.
Можеби нема да можете да влијаете на она што корисникот го сака, но може да влијае на она што го објавувате. Дневните објави се многу добар трик за привлекување нови следбеници.
