Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Wall Street

Sвездата од серијалот „Игра на тронови“ за операцијата на мозокот: „Се плашев дека ќе умрам на сет“

Серијата „Игра на тронови“ наиде на негативни критики во последната сезона. Сепак, дури и тогаш, светла точка беше актерката Емилија Кларк. Во едно неодамнешно интервју, таа зборуваше за сериозните здравствени проблеми што ги имала за време на снимањето.

Имено, за време на снимањето на 1-та сезона, Емилија Кларк, која ја толкуваше познатата улогата на Денерис Таргериен, на самиот сет ѝ се појавила болна хеморагија на мозокот – внатрешно крварење познато и како мозочен удар, поради што морала да се оперира.

Додека ги снимале сцените од 2-та сезона, таа со голем страв се плашела дека може да се повтори мозочното крварење.

“Беше лудо. Бевме во пустина, во каменолом, во топлина од 33 степени и цело време мислев дека повторно ќе доживеам мозочен удар. Цело време се прашував” Дали ќе умрам? Дали ќе се случи на сет? Само се обидував тоа да не се забележи на снимањето“, изјави британската актерка за Entertainment Weekly.

“Се плашевме за неа. Таа е толку храбра, бидејќи тоа никогаш не влијаеше на нејзината посветеност на работата”, објасни Алан Тејлор, кој ја режираше епизодата снимена во пустината.

И Ден Вајс, продуцентот, бил загрижен за нејзиниот живот.

„Беше страшно, затоа што оваа неверојатна, слатка, прекрасена личност скоро веќе да не беше со нас – оваа прекрасна дама што толку многу ја сакавме можеше да не напушти по една година“, објасни Вајс.

Прочитај

новости и трендови

Нелегални интернет платформи неовластено го користат името и логото на Државна лотарија Ги повикуваме сите играчи на интернет игри на среќа да внимаваат при...

____celebrity

Холивудската ѕвезда Џесика Алба веќе некое време е во центарот на вниманието, откако беше објавено дека се разведува од Кеш Ворен, а потоа набрзо...

____celebrity

Актерите Хју Џекман и Сатон Фостер го имаа своето прво заедничко појавување на црвениот тепих откако почнаа да се забавуваат кон крајот на 2023...

Wall Street

Време е Карпошани повторно да се движат безбедно, здраво и слободно. Карпош заслужува лидер кој не ветува само промени, туку ги гради – од...

Advertisement