Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Wall Street

Разубавете ги своите бањи со новиот изглед на мермерот

Компанијата Riluxa ја прошири својата колекција окарактеризирана со Corian материјалот, со цел спектар на нови бои, со што би ни помогнала да создаваме вибрантни и минималистички бањи…

Riluxa асортиманот на колоритни површински материјали е дизајниран за да се примени со постоечката мешавина од прилагодливи производи за купатило, со цел поместување на границите на минималистичкиот амбиент. Според изјавата на брендот, оваа колекција е дизајнирана да одговори на барањата на се поголемиот број архитекти и стручњаци од индустријата, кои се оддалечуваат од традиционалните бели купатила.

Како што објаснува извршниот директор на брендот, Frédéric Tomé, постојат два типа на клиенти кои тие ги имаат: оние кој го сакаат раскошниот стил на мермерните производи, и оние кои се понаклонети кон минималистичката естетика. Според нивното мислење, оваа втората група покажува промени во куповниот шаблон, кои се оддалечуваат од белиот Corian материјал, приближувајќи се кон другите бои кои претходно биле достапни.

Новите Corian бои можат да се нанесат на површините на Riluxа мебелот за бања, вклучувајќи мијалници, кади, шкафчиња и тушеви. Материјалите одат од уметнички, декоративни финиши до јарки тонови.

Секој тон е дизајниран со величенствено глатки површини, совршено вклопувајќи се со другите материјали, како што се метал, дрво, стакло или природен камен. Покрај тоа, секоја површина е отпорна на секојдневно користење и лесно може да се поправи, доколку дојде до оштетување.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement