И додека многу луѓе се борат со вирусот корона, шетајќи по линијата што го дели животот и смртта, ситуацијата во Русија е сосема поинаква сасвим
Како што тврдат некои Руси, богатите олигарси ќе бидат први кои ќе добијат шанса да пробаат вакцина за борба против пандемијата на Ковид-19. Неколку дена откако руските научници успешно ја спроведоа втората фаза од тестовите за вакцинирање, на бројните членови на деловната и политичката елита им беше даден пристап до првите дози.
Потврдувајќи ја веста, изворот вели дека оние кои припаѓаат на населението „крем де ла крем“, вклучително и директори на бројни компании, милијардери, тајкуни и политичари, започнаа да примаат дози на вакцината, изработена од Институтот Гамалеја во Москва, уште во април годинава.
Анонимен истражувач додаде дека претходниот пристап до вакцината им бил даден на волонтерите и дека тоа било направено во тајност, со цел да се избегне бучава и гужва низ целата приказна. За пошироката јавност, вакцината ќе биде достапна од август годинава, додека приватните компании ќе добијат дозволи за масовно производство од септември.
Во минатото, богатите Руси исто така јавно покажаа статус на разлики. Според наводите, во текот на 2013 година, нивните најбогати и најмоќни жители претвориле амбулантни возила во луксузни ВИП такси, кои работеле по цена од 200 УСД на час, за да избегнат сообраќаен метеж.
