Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Wall Street

Најдобрите машки часовници

Првиот впечаток е навистина многу важен, а доколку сте деловен и успешен човек, една од првите работи кои луѓето ќе ги приметат на вас е вашиот часовник…  

Ништо не може да ја сруши нечијата беспрекорна репутација во светот на бизнисот, луксузот и успешните луѓе, освен часовник кој е копија. Доколку се облекувате како господин со стил, погрижете се часовникот да ви биде украс на рачниот зглоб, одраз на стилот и дел од вашиот престиж. Овие десет часовници кои ќе ви ги претставиме се одлика на класата и стилот. Тие не издивнуваат само со елеганцијата и беспрекорната изработка, туку се направени од драгоцени материјали со уште подрагоцени механизами, кои неретко се дел од националната повест и традиција на една марка

10. Alpina Heritage Pilot Chronograph

Цена: над 3000 $ долари

Овој часовник е прослава на она што претставува еден реномиран, прв модерен спортски часовник, кој Alpina брендот го лансираше во оваа категорија уште во 1938 година. Иако е дизајниран за смелиот и робусен изглед на триесетите, овој часовник и ден денес претставува совршен дизајн кој е ценет заради својот носталгичен класичен стил. Со изгледот на овој часовник совршено ќе го надоградите своето деловно одело, и ќе покажете дека сте личност со беспрекорен стил. Овој часовник има воени телеметар обележја, што е поприлично единствена особина. Тој е отпорен на шокови и ‘рѓа, а водоотпорноста е задолжителна карактеристика на овој тип часовници. 

9. A. Lange & Sohne Richard Lange Perpetual Calendar Terraluna

Цена: 230.000 $ долари

Овој часовник е долгоочекуваниот новитет на марката A. Lange & Sohne, лансиран оваа година. Достапен е во верзии од розе и бело злато, а од карактеристики содржи перпетуален календар, приказ на времето налик на регулатор, приказ за престапна година и орбиталната фаза на месечината. Исто така има резерва на енергија која може да ви трае и до 14 дена. Овој часовник ќе биде претставен како ограничено издание. Со самото тоа носењето на овој часовник ќе се претставите како успешен човек ккој го познава светот на луксузот. 

8. Cartier Calibre Diver

Цена: $ 8,200 долари

Cartier со цел ги креира своите часовници со префинет стил кои се поврзани со отворениот простор. Резултатот на Cartier филозофијата е претставен со нивниот прв обид за дизајнирање на робусен часовник кој и понатаму ги поседува класичните и елегантни линии на нивните претходни модели. Часовникот Cartier Calibre Diver поседува ISO сертификат за водоотпорност до 300 метри. Претставен е во верзии од челик и 18-каратно розе злато. Неговата ротирачка база претставува DLC црн сој, кој го има карактеристичниот Cartier луксузен сјај. Доколку целта ви е да се претставите како вистински успешен маж, како на работа така и пред дамите, тогаш обој часовник е токму за вас.

7. Greubel Forsey Tourbillon Perpetual Calendar QP a Equation

Цена: 719.000 $ долари

Часовниците кои се олицетворение на луксузот, често се доста сведени и едноставни, но затоа носат доста висока цена. Не постои часовник кој повеќе одговара на овој опис од моделот Greubel Forsey Tourbillon Perpetual Calendar QP a Equation. Овој часовник има поставки кои се навистина едноставни и механизам кој никогаш порано не е направен. Кога го подесувате датумот на пример, во исто време се синхронизира и месецот и денот, само со еден потег. Распоредот на бројчаникот , индексите и ексцентричните украси се доста смели.  Овој часовник со својата едноставност ги нагласи вистинскиот луксуз и ексклузивноста, кои се главни особини на еден модерен човек.  

6. Panerai Luminor 1950 Chrono Monopulsante Left-Handed 8 Days Titanio PAM579

Цена: $ 22,500 долари

Изгледот од педесетите го прикажува мажот кој умее да ужива во своите постигнувања и успеси. Претставен во куќиште кое има дијаметар од 47 mm, овој часовник е направен од титаниум, кој го прави многу лесен и елегантен. Има P.2004 / 9 механизам и интересен кронограф со резерва на енергија од осум дена. Поради неговата сепиа нијанса ќе им се допадне и на помладите момчиња кои се љубители на ретро стилот. Овој часовник е како добро дрво-колку е постар толку е повреден.

5. A. Lange & Söhne Saxonia Annual Calendar

Цена: над 50.000 $ долари

Овој часовник е дело на луѓе кои креирале механизам од 2.5 милиони долари, при што се произведени само 6 такви модели, некогаш. Доколку не сте биле во прилика да си го дозволите ова чудо, ова е најдобрата опција со која можете да ја ублажите тагата. Претставен во куќиште од платина, со механизам кој ги претставува денот, месецот, денот во неделата и фазите на месечината, овој часовник има 476 делови само за својот годишен календар, кој ќе биде точен во следните 122 години. Ова е вистинскиот часовник за џентлмен кој знае дека добриот часовник никогаш не чини премногу.  

4. Jaeger-LeCoultre Master Control

Цена: $ 4,500 долари

Овој часовник не е толку скап како другите од оваа листа, но неговата елеганција е навистина волшебна. Тој има страничен дел направен од сафир, сребрен бројчаник кој е совршено нагласен со дауфини стрелки и куќиште од 39 mm. Внатре во часовникот се наоѓа нешто подеднакво убаво. Тој има механизам Calibre 899, кој е автоматски и е вистинско ремек дело. Наменет е за луѓето кои на својата рака сакаат нешто елегантно и префинето.  

3. Girard-Perregaux Vintage 1945

Цена: 20.000 $ долари

Art Deco инспирацијата со овој часовник и подари винтиџ елеганција, резервирана само за мажи кои го ценат префинетиот вкус.  Овој часовник се издвојува од другите кои спаѓаат во неговата група-тој ги поместува нормите и конвенционалните правила, но тоа го прави нежно и деликатно. Бројчаниците на овој часовник имаат две нежно заоблени површини и ги претставуваат фазите на месечината на плава позадина. Овој часовник е достапен во верзии од розе злато и не’рѓосувачки челик, а наменет е за луќето кои на својот рачен зглоб сакаат да носат нешто едноставно, а во исто време класично.

2. Piaget Altiplano

Цена: 21.000 $ долари

Сребтото е ултра-шик материјал кога со него се работи како што треба. Претставен во 2010 година, овој елегантен и модерен часовник, , направен од префинето сребро содржи 1200P caliber механизам, кој се смета за најмал во светот. Овој часовник има дијаметар од само 43mm, поради кој изгледа многу моќно, а истовремено и префинето и елегантно. Неутралноста на среброто му дозволува на овој часовник совршено да се вклопи со било кое одело, кое по елеганција и стил би одговарало на неговата луксузна особеност. Првенствено е наменет за луѓето кои ја обожаваат класиката и ненагласената привлечност на среброто.  

1. Patek Philippe Calatrava

Цена: 23.000 $ долари

Овој часовник без никакви сомнежи е најдобар на нашата листа, со својот едноставен изглед, распоредот на римските броеви и совршено балансираниот бројчаник. Можеби баш едноставноста е она што го чини брендот Patek Philippe безвременски, а овој часовник беспрекорно убав. Clous de Paris гиљош базата е класичен елемент на Patek Philippe марката, додека пак жолтото и розе злато му даваат магнетна привлечност на овој часовник. Наменет е за господата кои се врзуваат за еден часовник, и кои сакаат да го носат до крајот на животот, како вистинско безвременско парче. Луѓето кои ќе го носат овој часовник не се оптеретени со модата и трендовите, туку се смели и полни со самодоверба. Тие имаат став знаат што сакаат, и ќе направат се за тоа да си го дозволат.  

На крајот на краиштата, часовникот не е само едноставен инструмент кој го мери времето-часовникот е елемент кој ја дефинира вашата способност, стилот и најважно статусот. Доколку ви е важно како се претставувате, било деловно или приватно, било кој од овие часовници ќе ве претстави во вистинско светло.  

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement