Ловеле Покемони – Кога татко и син во Англија биле сопрени од англиската полиција и прашани зошто го прекршуваат карантинот, нивниот одговорот гласел: Па, си игравме Покемон Гоу.
Карантин доза – кога 51 годишник бил сопрен од полицијата во Австралија, тој фино им одговорил дека морал да излезе од дома за да се види со својот дилер. Мислам, па искрен бил човекот, што…
Долг пат за леб – во Шпанија, еден господин возел 21 километар за да си купи леб…епа, нема да гладува човекот, де…
Неодоложлива “направи сам” едиција – “Морав да си ја префарбам колибата на плажа”, им одговорил човек од Англија на полицајците.
Само да проверам – “Од здравствени причини сум тука…мора да проверам какво ќе биде морето утре за да одам на риболов.”
Да си ја прошетам мачката – Градоначалникот на еден италијански град , фино и ставил ланец на мачката за да ја прошета…
Гулаби – Другиов пак, загрижен за здравјето на гулабите, се вадел со тоа што рекол дека некој мора да ги храни гулабите во време на пандемија…
Јајца – во Болоња, двајца мотоциклисти биле сопрени од полицијата заради прекршување на полицискиот час. Изговорот? Требале да купат “свежи јајца од фарма.”
Цвеќиња – изговорот на овој загрижен градинар за градината на својот пријател, неколку километри оддалечен од својот дом, било дека некој мора да се грижи за цвеќињата во време на пандемија.
Нечист автомобил – човек од Австралија морал да ја одвезе колата во соседниот град за перење, зашто таа гаража била најдобра (иако, затворена)
Досада – ми беше досадно и излегов да се повозам.
Во името на љубовта – Италијанец (нормално) запрашан зошто го прекршува полицискиот час, одговорил: Се обидувам да се вратам заедно со мојата поранешна девојка.
