Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Wall Street

Легендарниот БЛЕКБЕРИ телефон со тастатурата го возвраќа Ударот….

До пред неколку години, многу добро познатиот бренд за паметни телефони со големи екрани и физичка тастатура – BlackBerry се враќа на пазарот на смартфони со објавување на нови лиценцирани партнери, компанијата OnwardMobility и FIH Mobile Limited.

Во 2016 година, канадската компанија се повлече од пазарот на мобилни телефони и наместо да произведува хардвер, се фокусираше на софтвер. Го остави производството на уреди под брендот „Блекбери“, според договори за лиценца, на други компании, што им овозможува на пазарот да стават мобилни уреди под таа марка.

До неодамна, тоа беше кинеската компанија TCL Technology, а од оваа година двете споменати компании, за кои се очекува да постават BlackBerry уред на пазарот во 2021 година, чиј акцент ќе биде ставен на безбедноста на корисниците.

Уредот, се разбира, ќе ја има добро познатата физичка тастатура QWERTY и ќе го користи оперативниот систем Android. Исто така, ќе има поддршка за 5G мобилни мрежи.

Канадската компанија „Блекбери“ не ги објави деталите за новиот договор за лиценца, но медиумите добија информација дека спомнува паметни телефони во множина, па се претпоставува дека тоа значи дека следната година би можеле да видиме повеќе паметни телефони под BlackBerry на пазарот.

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement