Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Wall Street

Кои се трите големи пазари во светот каде што доминира Ајфон 11?! Што мислите Вие?!

Податокот дека на американскиот пазар доминира iPhone 11 не го возбудува премногу никого, затоа што е познато дека Американците отсекогаш биле лојални на нивниот омилен бренд. Според статистиката на Counterpoint, меѓу индивидуалните модели на паметни телефони, iPhone 11 сочинува 16% од пазарот, а потоа следува Samsung Galaxy A10e со 6%, Samsung Galaxy A20 со 5% колку што е iPhone XR, додека iPhone 11 Pro Max е на петтото место, со удел од 4 проценти.

Вториот голем пазар во кој доминираат iPhone телефони е Велика Британија, каде што iPhone 11 на Apple (17%), iPhone XR (5%), iPhone SE (5%) и iPhone 7 ги заземаат првите четири најпродавани модели, додека на петтото место е Samsung Galaxy A71 со удел од 4 проценти.

Што се однесува до кинескиот пазар, може логично да очекувате домашните уреди да доминираат таму, но ситуацијата е сосема поинаква.

На Кинезите им се допаѓа iPhone 11 повеќе од било што друго, додека OPPO A8 е на второто место, по што следат Huawei Honor 9X, Vivo Y3 и Huawei Mate 30 5G.

Се очекува дека Apple дополнително ќе ја зголеми својата доминација на овие три главни пазари по лансирањето на новите iPhone телефони, иако засега не се знае кога ќе биде лансирана новата генерација на уреди за 2020 година.

Според многу гласини, „Apple“ треба да претстави 4 модели на нови iPhone телефони во септември, а нивната продажба треба да започне во октомври, иако информациите кружат дека лансирањето би можело да биде одложено заради глобалната здравствена криза што сè уште влијае на снабдувачите на „Apple“.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement