Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Wall Street

Како Ferrari планира да се врати на сцената и покрај корона вирусот

Иако на секого од нас му стана јасно дека пандемијата, корона вирусот нема да исчезне туку така, Ferrari брендот крои планови како да го отвори погонот за производство…

Според најновите извештаи, планот на славниот бренд вклучува опсежно тестирање и употребна на телефонска апликација за следење, како би се осигурило здравјето и безбедноста на вработените. Италијанскиот бренд бара од своите вработени да се пријават доброволно за тестирање на корона вирус, со цел побрзо враќање назад на работа, кое што е дел од “Back on Track” програмата. Нивните планови и понатаму се во рана фаза на развој, но доколку бидат успешни, нивната амбициозна стратегија ќе претставува нацрт кој и други брендови ќе го следат со цел враќање во нормален живот.

Како дел од програмата, Ferrari вработените, нивните семејства и добавувачите ќе треба да дадат крв на тестирање со цел да проверат дали не се заразени. Потоа, ќе добијат специјална апликација за паметни телефони, која ќе ги информира во случај доколку се во контакт со лице кое е заразено од корона вирусот. На овој начин само здравите вработени ќе се вратат на работа, а воедно ќе се помогне во запирање на ширењето на вирусот.

Доколку тестовите покажат дека некои од вработените е заразен, тој ќе подлежи на дополнително тестирање, а како дел од програмата, славниот бренд ќе овозможи специјално осигурување на своите вработени кои ќе треба да се хоспитализираат поради позитивна дијагноза. За нив ќе биде обезбедено сместување и медицинска помош.

Како што изјавува Ferrari, 500 до 4000 вработени од нивните производни погони во Маранел и Модена веќе се тестирани, а според извештаите 800 тестови може да се изработуваат на дневно ниво. Сите вработени на кои им беше понуден тестот го прифатија.

Иако тестирањето веќе започна, се уште не е јасно кога Ferrari ќе продолжи со производството кое застана од март, поради корона пандемијата.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement