Италијанскиот произведувач на опрема за купатила, ги создава своите елементи од навистина уникатен материјал…
Cristalmood е еден од најновите материјали кои ова компанија го има развиено, а како што изјавуваат, има отпорност како камен и транспарентност како кристал. Станува збор за смола која може да се стави во калап и да се користи при креирање на уникатни умивалници и кади.
Материјалот се состои од полиестерска смола и пигменти на боја. Sensoc е правоаголен умивалник кој е креиран од овој материјал, додека своите остри линии ги разби заоблените детали. Умивалникот е естетски, а воедно и едноставен за одржување. Тој има антикорозивна карактеристика, што значи дека неговиот сјаен завршеток може да се врати дури и доколку случајно се изгребе.
Како би ни понудиле совршен продолжеток на приказната за Cristalmood материјалот, славниот италијански бренд овој пат претстави три нови бои, кои можете да ги одберете во склад со вашите дизајнерски потреби.





