Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Wall Street

Единствени светлосни скулптури за секој ентериер

Романскиот вајар и дизајнер, Eduard Loсota, рачно изработува неверојатни скулптури, користејќи комбинација од акрилно стакло, мермер, синтетички цемент, дрво и други материјали…

Пронаоѓајќи нова употребна цел за јагленот, тој осмислил процес во кој истиот се користи како производствен материјал. Уметникот така ја креираше Carbon серијата од единствени уметнички дела, кои во себе комбинираат јаглен, смола и светлост.

Моментално, јагленот е најкористеното гориво за добивање на електрична енергија, што дефинитивно ќе се промени во претстојните години, со преоѓање на алтернативните извори за енергија кои се повеќе се употребуваат. Токму од таа причина, и самиот јаглен мора да добие алтернативна намена, што е воедно цел и база на уметничките дела кои се изработени на овој начин.

Како што самиот уметник вели: “Една работа е да се рециклира материјалот кој претходно е користен во индустријата, додека промената на неговата намена во индустријата во која се користи е нешто сосема друго. Кој би помислил дека јагленот може да се користи како парче мебел?”

Употребата на смоли во различни бои во комбинација со јаглен, тој ги креираше овие елегантни ѕидни уметнички дела, кои се навистина префинети кога се работи за нивниот изглед, додека се беспрекорно функционални кога се работи за нивната употреба. Carbon серијата е креирана во различни бои и се состои од четири различни парчиња– огледалото Forest кое ни прикажува приказна за шумата, еко системот во кој живееме, Butterfly, Dawn i Purple Generation ламби.

Butterfly ѕидната ламба гледана од далечина не асоцира на прекрасниот инсект, додека погледот од поблиску открива лице на човек. Dawn lamp, како што кажува и нејзиното име, ги осликува боите кои се кријат зад еден градски пејзаж, додека пак Purple Generation ги акцентира сенките и начинот на кој тие реагираат на светлина.

Eduard не кажа дали овие скулптури се достапни за купување нити која би била нивната цена. Сепак можеме слободно да кажеме дека се навистина нова визија на расветата, која би била добредојдена во сечии домови.

Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fool Moon

Време е да се вози скејтборд со стил. Правејќи го она што најдобро го прават, брендот Версаче скоро лансираше ексклузивен скејтборд, што е вистинско...

Green Tea

Дали некогаш сте се запрашале зошто некои постари жени изгледаат помлади и се поздрави во споредба со нивната возраст? Иако генетиката и факторите на...

Green Tea

Шеќерот има многу калории, но празни. Ова значи дека нема вистинска хранлива вредност.Иако го има во многу намирници, можно е да се избегне. Ова...

Cotton Club

Есенската сезона носи богатство на нови трендови во светот на модата. Од карирани дезени до земјени бои, од познати класици до нови кроеви и...