2020 беше одличен старт за Амазон, и покрај светскиот карантин. Џеф Безос веќе е најбогатиот човек на светот, но изгледа дека богатството допрва ќе му расте. Навистина е предизвик воопшто да се поима толку големо богатство, како и потенцијалот што го поседува за да го промени светот. Ајде да погледнеме како Безос се стекна со толкаво богатство и да се обидеме барем да го сфатиме значењето на неговата вредност.
- Џеф Безос го основа Амазон во 1994 година. Компанијата беше онлајн-книжарница.
- Не беше првиот човек со оваа идеја на ум, но тој опстана од една причина: вети дека ќе ја испорача секоја книга, на секој потрошувач, каде било во светот.
- Во 1995 година, неговите родители инвестирале 250.000 долари во Амазон. До 1997 година, обртот на компанијата изнесувал неверојатни 148 милиони долари, а овој број до крајот на 1998 година се зголеми на 610 милиони долари.
- Безос беше критикуван насекаде зашто избегнуваше да плаќа данок.
- Сите сметаа дека милијардери како него, треба да плаќаат повисоки даноци. Ова е особено активна тема и денес, поради зголемениот број на обвиненија за несоодветни работни услови и премали плати за вработените.
- Џеф Безос во овој момент „тежи“ 120 милијарди долари. Очигледно станува збор за премногу пари, сепак некако не ни е природно да ја замислиме тежината на таа бројка. Можеби би ни помогнало следново.
- Во техничка смисла на зборот, годишната плата што Безос ја зема од Амазон е 81.840 долари. Но, најголемиот дел од неговото богатство се состои од акциите што тој ги поседува во Амазон.
- Реално, проценето е дека неговата годишна плата, земајќи ги предвид платата и акциите изнесува 78.5 милијарди. Тоа значи дека неговата месечна плата изнесува 6.5 милиони долари.
- Ако и ова го разложиме, излегува дека неговата неделна плата изнесува 1.5 милијарди долари.
- Уште поситно? Џеф Безос заработува 8.59 милиони за еден час работа.
- Уште малку поситно? Џеф Безос заработува 2.489,00 долари во секунда.
- Па така, ако на пример сака да си купи 10 Тесла автомобила, а секој од нив да чини по 115.000,00 долари, Безос треба да работи дури 7.69 минути.
- Повреден е од БДП на Мароко.
- Повреден е од вкупниот БДП на Исланд, Луксембург и Кипар.
- 36% е побогат од Британското Кралско Семејство
- Безос инвестирал 1 милион долари во Гугл во 1998 година, така што, најверојатно би бил милијардер и да не го основал Амазон.
- Безос се разведе во 2019 година, оставајќи и на поранешната сопруга 38.7 милијарди долари. И после оваа исплата, тој остана најбогатиот човек на светот.
- Во 2019 изгуби повеќе пари од кој било друг милијардер на светот, и повторно не го изгуби приматот најбогат човек на светот.
- Амазон беше една од неколкуте компании кои профитираа за време на КОВИД-19 кризата. Во првиот квартал на 2020 Амазон остварил профит од 75.5. милијарди долари. Заработка што е за 26% поголема од истиот период во 2019.
- Предвидувањата велат дека Безос може да стане првиот трилионер во човечката историја до 2026 година.
