Оние што сакаат да се релаксираат и да уживаат во самостојна ароматерапија додека не помине опасноста од коронавирусот, имаат причина да се радуваат …
Со цел да се направи периодот на самоизолација и одржување на социјална дистанца што е можно порелаксиран, славната марка Dolce & Gabbana, скоро претстави опус на миризливи свеќи, исполнети со ароми на Италија. Инспириран од своето сицилијанско наследство, славната марка лансираше свеќи кои содржат свежи ноти на неролија, јасмин, темјан и многу повеќе. Колекцијата се состои од шест различни свеќи – ll Nostro Giardino, Pino Mediterraneo, Neroli, Gentiluomo, Incenso, i Alloro – секоја доаѓа во керамичка вазна, рачно изработена и насликана од уметници од Калтагирон.
Егзотичната свеќа Il Nostro Giardino содржи ноти на роза, цитрус и гераниум, Нероли има мирис на цвет од јасмин и портокал, додека Incenso содржи силни и истовремено смирувачки ноти на темјан. Покрај тоа, Gentiluomo и Pino Mediterraneo свеќите имаат врвни ноти на тропско овошје и цитрус, бор и мајолика.
Бидејќи сè уште не сме во можност да ја посетиме Сицилија и да ги почувствуваме сите нејзини привлечност во живо, овие свеќи секако можат да ни помогнат да го пребродиме претстојниот период. Слободно можеме да кажеме дека тие ја претставуваат италијанската La Dolce Vita, во фантастичен пакет за носење!





