Постојано слушаме приказни за авионите и замоците на милијардерите и како „несовесно“ ги трошат парите, па затоа, овој пат решивме да ви ги претставиме нивните уникатни играчки…па, да започнеме.
Пол Ален: Авиони од Втората Светска Војна
Ко-основачот на Мајкрософт тежи 21 милијарди долари. Негова страст е колекција и реставрирање на авиони од Втората Светска војна, па затоа досега тој има 20 од овие авиони во неговата куќа во Ваш. Само хангарот во кој ги чува овие авиони вреди 5.2 милиони долари.
Султанот од Брунеи – Најскапиот автомобил на светот
Роналд Лаудер – Сопственик на непроценлива уметност
Роналд Лаудер, наследникот на козметичката компанија Estee Lauder тежи 3.2 милијарди долари. Тој поседува уметничка колекција вредна 650 милиони долари. Има купено дело од Киршнер што го чинело 38.1 милиони долари, а за 135 милиони долари тој е гордиот сопственик на една од најскапо продадените слики на светот, 135 милиони долари, – „Портрет“ од Густав Климт.
Роман Абрамович – Сопственик на најголемата јахта на светот
Абрамович, еден од најпознатите руски бизнисмени, сопственикот на Милхаус и фудбалскиот клуб Челси, чии богатство се проценува на 11.2 милијарди долари, ја поседува најголемата јахта на светот, купена за 450 милиони долари. Станува збор за убедливо најголемата приватна јахта на светот, која поседува сопствен систем за детектирање ракети, има два хелидрома, луксузен спа-центар, базен и минијатурна подморница.
Анонимен руски милијардер – Мерцедесот на Хитлер
Во Русија живеат 63 милијардери, а еден од нив го купи Мерцедесот на Хитлер за сума меѓу 6 и 15 милиони долари. Купецот, сакал да остане анонимен, зашто сакал да ги купи сите преостанати автомобили од времето на Наци-Германија.
Бил Гејтс – Дневникот на Да Винчи
Од преостанатите 30 дневници со научни истражувања и записи, Кодексот Лечестер е најпознатиот.
Гејтс го купи на аукција за 30.8 милиони долари, правејќи го овој дневник најскапата книга која некогаш е продадена. По продажбата, Гејтс направи дигитална копија од истата, која денес се продава за 1500 денари.
Џеф Безос – Тајна вселенска ракета
Blue Origin е името на тајната вселенска ракета во која инвестира Џеф Безос, а нејзината задача е да ги однесе заинтересираните 75 милји над Земјата, за да можат да гравитираат три минути, а потоа безбедно да се вратат на Земјата.
