Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Wall Street

Декадентски Art Deco амбиент на париски ресторан

Детали покриени со златен лист и рефлективни панели се главните карактеристики на стилот „Арт Деко“ во овој париски ресторан, кој британскиот дизајнер Џон Велан го надополни со детали инспирирани од седумдесеттите…

Ресторанот се наоѓа во хотелот „Нолински“ со пет ѕвездички, во првиот арондисман ( дел од град во Париз кој е поделен на четири кварта) на Париз, на многу мала оддалеченост од Luvra и Jardin des Tuileries. Претходно, ресторанот беше украсен со мешавина од сина и сива површина, како и спуштени тавани, кој според дизајнерот зрачеше навистина  ладни емоции.

За да донесе доза на топлина во амбиентот на ресторанот, Вилан одлучи дека основата на неговата шема за дизајнирање треба да биде фокусирана на богата палета на материјали, што е инаку карактеристично за движењето „Art Deco“.

„Бев особено инспириран од парискиот „Art Deco“ од 1930-тите – Жан-Мишел и Френк, Пјер Легрен или Сју и Маре. Тие генерално користеле минималистичка палета на бои, но на прекрасен начин ги истакнуваа своите дела со убави метали и дрво. Зградата во која се наоѓа ресторанот исто така датира од 1930-тите и има неколку моменти на „ Art Deco “. Во својата работа, секогаш давам се од себе да го почитувам наследството на една зграда, колку што е можно “, рече Вилан.

Фокусот на ресторанот сега е централниот столб, кој е украсен со ленти од сјајни огледала. Горниот дел од столбот се карактеризира со детали од гипс покриени со златни лисја, кои се издигаат кон таванот, создавајќи мотив на сончевите зраци. Рефлективните панели исто така ги красат sидовите на главниот трпезариски простор, кои инаку се украсени со златна боја, боја за да создадат ефект на патина.

Жолтиот мермер од Сиена се користел за да се направат трпезариите, кои биле комбинираат со столиците од трска. Висечките китенки од месинг го украсуваат просторот над масите. Едната страна на ресторанот доби заоблена борова лента, додека другата се карактеризира со јадење, кое е одвоено од остатокот од просторот со карамелни кадифeни завеси.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement