Американската компанија сака да ја намали зависноста од Кина и ќе произведува се повеќе свои уреди во други земји.Откако започна пандемијата на коронавирус која речиси ја парализираше глобалната логистика, западните земји станаа свесни дека треба да почнат да размислуваат за намалување на зависноста од Кина и производите од Далечниот Исток. Истиот проблем се појави во последниве месеци кога Кина повторно влезе во строга блокада што предизвика одложувања и недостиг на пазарите.
Дел од компаниите уште порано почнаа да размислуваат за диверзификација на производството за да ги направат помалку зависни од Кина. Во тоа време, главните предизвици беа „ризичната геополитичка ситуација“, како и трговската војна меѓу Кина и САД, што доведе Huawei да испадне од топ 5 листата на паметни телефони.
Со цел да се избегнат ваквите проблеми во иднина, или да се намалат нивните последици, Apple одлучи да бара нови места за производство на нивните уреди.
Иако дел од производството е веќе префрлено во други земји, повеќето од гаџетите и уредите што Apple ги продава низ светот се уште се произведуваат и склопуваат во Кина, во фабриките Foxconn и Pegatron. Според американските медиуми, Apple неодамна ги информирал своите партнери за намерата да го дистрибуира производството во други земји освен Кина, пред се Виетнам и Индија. Таквата транзиција, се разбира, нема да биде ниту брза, ниту лесна бидејќи Кина на Apple, но и на другите компании му обезбедува голем број евтини и квалитетни работници.Дел од производството на iPhone веќе се пресели во Индија, а Foxconn отвори фабрики за производство на уреди на Apple и во таа земја. Моментално произведуваат уреди исклучиво за локалниот пазар, но Apple и Foxconn планираат дополнително да го прошират и зголемат производството за да можат производите „made in India“ да се продаваат на глобалниот пазар.
