Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Wall Street

Што ќе биде со модата?

Порталот Business of Fashion штотуку го објави својот годишен извештај за состојбата во модната индустрија, откривајќи остар пад на профитот во текот на оваа година, со предвидувања за иднината во овој сектор.

Создаден во партнерство со McKinsey & Company, овој извештај опишува пад, поради коронавирус пандемијата, каде компаниите ќе доживеат дефицит на профитот до 90% до крајот на оваа година, додека минатата година, имаше благ раст од четири проценти.

Замислувајќи две сценарија, во кои едната пандемија Ковид-19 е ставена под контрола, додека во другата продолжува да дивее низ целиот свет предизвикувајќи неверојатни проблеми во областа на економијата, Business of Fashion предвидува дека следната година ќе донесе намалување на глобалниот профит во модниот сектор од 0 на 15% во споредба со 2019 година.

Во секој случај, индустријата ќе продолжи да биде сведок на банкрот, затворање бутици и отпуштања. Трендовите кои беа во пораст дури и пред пандемијата, како што се пренасочување кон дигиталното купување и интересот на потрошувачите за социјална правда, ќе продолжат да имаат свои пет минути слава.

Дали некогаш ќе се вратиме во светот во кој некогаш сме живееле, каде што среќно одевме од еден во друг бутик, безгрижно испробувајќи ги нашите нови омилени модни парчиња, а потоа да би можеле со пријателите да седнеме пиејќи кафе од омилената кафетерија, останува да видиме. Ако ги прашаме експертите, најверојатен одговор е – не.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement