Најбогатите семејства во светот уживаат во екстремно богатство, благодарение на генерациите кои дојдоа пред нив…
Преку нивните иновативни идеи во минатото, а и денес, тие успеаја да го диверзифицираат и да го прошират своето богатство, истовремено обезбедувајќи продолжување на нивното луксузно наследство. Нивните наследници не мора да се грижат дали ќе имаат доволно пари за да ги остварат сите нивни соништа, а не мора ниту да работат на зголемување на семејното богатство, бидејќи во повеќето случаи тоа расте само по себе. Ним им преостанува само да се опуштат и да уживаат во пофината страна на животот и луксузот што им се сервира на сребрен послужавник, обложен со најретките дијаманти на светот.
Овој пат, во нашата галерија ви ги откриваме шесте најбогати семејства во светот според индексот на Blumberg, како го достигнале своето богатство и како всушност ги трошат своите пари.
Семејството Волтон
Богатство: 238,2 милијарди долари
Компанија:Walmart
Волтонови се богато семејство Walmart, кое го поседува најголемиот малопродажен синџир според приходите, со семејно богатство од над 238 милијарди долари. Компанијата Walmart е основана во 1962 година во Арканзас од Сем Волтон. Сем имаше четири деца со Хелен Робсон, по име Роб, Џон, Џим и Алис. Според пишувањата на локалните медиуми, ова семејство ужива приземен начин на живот, без оглед на нивното неверојатно богатство.
Сепак, не им се туѓи ниту повремените расфрлања и чудните набавки. Најстариот син на Сем и Хелен, Роб, има голема колекција на стари автомобили. Алис никогаш немала активна улога во бизнисот, па решила да стане еден вид покровител на уметноста, а нејзината колекција вклучува дела од Енди Ворхол и Џорџија О’Киф.
Семејството Марс
Богатство: 141,9 милијарди долари
Компанија: Mars
Во 1911 година, Френк Марс започнал да продава чоколадни плочки од сопствената кујна во Такома, Вашингтон, САД. Сега, неговата компанија продава бонбони низ целиот свет, вклучувајќи ги и познатите брендови како што се M&M, Milky Way и Snickers, додека нејзиниот бизнис со храна и производи за домашни миленици изнесува половина од приходите.
Семејството Марс е неверојатно приватно, па малку се знае за нив. Всушност, тие толку многу ја ценат својата приватност што го добија прекарот „Кремљ“, пишуваат локалните медиуми. Жаклин Марс е единствениот член на семејството кој е малку отворен за својот живот.
Семејството Кох
Богатство: 124,4 милијарди долари
Компанија: Koch Industries
Четворицата браќа Кох ја наследиле нафтената компанија на нивниот татко, но двајца од нив – Фредерик и Вилијам, му свртеле грб на семејниот бизнис во текот на осумдесеттите по кавга. Чарлс и Дејвид, кои му останаа верни, го претворија во милијардерски конгломерат, кој вработува повеќе од 130.000 луѓе ширум светот. Според извештаите, двајцата браќа инвестирале во недвижен имот и на тој начин го зголемиле своето богатство.
Семејството Хермес
Богатство: 111,6 милијарди долари
Компанија: Hermes
Веруваме дека сите знаете дека некои од најбогатите луѓе во светот поседуваат чанта Hermès Birkin или некој друг производ во ограничено издание потпишан од оваа модна куќа. Па, според сите сметки, токму популарноста на нивните креации им донесе прекрасно богатство. Во 1837 година, Тиери Ерме започнал да произведува опрема за јавање за благородништвото. До 1978 година, компанијата имаше глобална мрежа на бутици каде што ги продаваа своите луксузни парчиња, а дури и денес, најбогатите луѓе во светот немаат проблем да платат чудесни суми пари за да ја истакнат чантата Hermès Birkin на раката. Аксел Дима, претставник на шестата генерација на оваа луксузна династија, е на нејзино чело од 2014 година.
Семејството Ал Сауд
Богатство: 100 милијарди долари
Компанија: нема име
Ал Сауд е монархијата по која Саудиска Арабија го добива своето име, чие огромно богатство генерално се заснова на нафтените резерви лоцирани во регионот што тие го контролираат. Престолонаследникот Мохамед бин Салман, кој е син на кралот Салман, контролира имот во вредност од милијарда долари.
Според извештаите, познатиот принц потрошил 450 милиони долари на познатата слика на Леонардо да Винчи, Салватор Мунди, 300 милиони долари на француски замок и 500 милиони долари на Serene, една од најголемите јахти во светот.
Семејството Амбани
Богатство: 93,7 милијарди долари
Компанија: Reliance Industries
Богатството на семејството Амбани се заснова на семејниот бизнис, Reliance Industries, основан од Дирубаи Амбани. По неговата смрт во 2002 година, неговите два сина, Мукеш и Анил, се бореле за контрола над империјата, бидејќи нивниот татко не оставил тестамент. На крајот, нивната мајка, Кокилабен, решила да се вклучи и да им помогне да се договорат за поделба на бизнисот и да одат по својот пат.
Оттогаш Мукеш и неговото семејство уживаат во неверојатно богатство, додека Анил е соочен со огромни долгови. Децата на двајцата браќа се дел од семејниот бизнис, бидејќи од нив се очекува да си ги заработат парите, наместо само да им подаруваат.
