Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Wall Street

ФОТОГРАФИЈАТА ОД ДЕЈВИД БОУВИ ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА ги собори сите рекорди на продажба…

По цена од 4.500 евра е продадена иконската фотографија на Дејвид Боуви, направена за време на неговото апсење во 1976 година, надминувајќи ги сите стручни проценки.

„Оригинална фотографија на Дејвид Боуви од 1976 година“, гласи описот на британската аукциска куќа Ewbank’s Auctions, со почетна цена од 1.700 евра.

„Во 1976 година, Дејвид Боуви беше уапсен заедно со Иги Поп во Рочестер, Њујорк под обвинение за поседување дрога. Полицијата заплени околу половина килограм марихуана. Од нив беше побарано да се пријават во полициската станица следниот ден, а ова е фотографија од Дејвид Боуви во полициска станица, на оригинална хартија на Кодак, 9,5 x 9,5 см“, се вели во соопштението на аукциската куќа.

Во продолжение се споменува како фотографијата дошла кај нејзиниот продавач. Полицаецот кој ги зел отпечатоците од прстите и го фотографирал Дејвид Боуви, фотографијата му ја подарил лично на сопственикот како свадбен подарок, знаејќи дека тој е голем обожавател на легендарниот пејач. Продавачот ја поседува оваа фотографија 46 години и е во одлична состојба. На црно-белата фотографија гледаме 28-годишен Боуви со руса коса во костум кој држи знак на полициска станица.

Според написот на Индепендент, во тоа време поседувањето марихуана било казниво до 15 години затвор. Но, според извештаите на старите весници, легендарниот пејач и неговите пријатели биле ослободени откако Боуви платил кауција од 2.000 долари за сите. Обвиненијата, наводно, биле отфрлени два месеци подоцна, кога поротата одлучила да не подигне обвинение против пејачот и неговиот бенд.

Прочитај

Green Tea

Кога ќе ги почувствуваме првите симптоми на настинка, повеќето од нас инстинктивно посегнуваат по шолја топол чај. Освен што е пријатно топол и опуштачки,...

Green Tea

Ако често ви се чини дека вашиот ориз е леплив, кашест или премногу тврд, не сте сами. Иако изгледа како едноставна храна, оризот бара...

Wall Street

Игрите на среќа на Државна лотарија одамна се дел од секојдневието, не само како можност за добивка, туку и како мигови на забава, надеж...

____celebrity

Актерката Рис Витерспун (49) сподели серија семејни фотографии во празничен дух на својот Инстаграм профил, а една од нив особено го привлече вниманието на...

Advertisement