Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Wall Street

Триглав ја задржа цврстата капитална позиција и високата добивка за време на пандемијата

S&P ја потврди висока бонитетна оценка »A« со стабилна среднорочна прогноза

Агенцијата за кредитен рејтинг S&P Global Ratings (во продолжение S&P, или агенција), по извршениот редовен годишен преглед, на ден 13. 9. 2021г. на Групацијата Триглав, а со тоа и на нејзиното матично друштво и на  друштвото ќерка Позаваровалница Триглав РЕ, повторно им ги потврди долгорочната кредитна оценка и бонитетната оценка на финансиска моќ »A« со стабилна среднорочна прогноза. Високиот рејтинг е одраз на солидната капитализираност на Групацијата Триглав и на нејзиното стабилно, профитабилно работење, поддржано од дисциплинирано  преземање ризици во осигурување, користење сигурна  заштита преку реосигурување и економијата на опсег, како и други предности на доминантната пазарна позиција во регионот и во Словенија. Кредитниот рејтинг »A«  потекнува исклучиво од самостојниот профил на кредитен ризик на Групацијата.

S&P во својот извештај потврдува дека профилот на деловниот ризик на Групацијата Триглав е силен, додека профилот на финансиски ризици е многу силен. Смета, дека водечката позиција на словенечкиот пазар на Групацијата Триглав и овозможува спроведување на економии на опсег, што ги надополнува со користење на реномираниот бренд, разновидна понуда и регионално развиена продажна мрежа. Наведува дека Групацијата со својот фокус на клиентите обезбедува профитабилно работење во двете дејности, осигурувањето и управувањето со средства. Притоа, наведено е дека дисциплинираноста при преземањето на ризиците на осигурување е клучен темел за успешно работење на Групацијата Триглав во тешките услови минатата година и првата половина од 2021 година поради пандемијата.

S&P оценува, дека профилот на ризик на Групацијата Триглав е стабилен и дека е поврзан со конзервативната инвестициска политика и ефективна реосигурителна заштита. Успехот на ефективната реосигурителна заштита се потврди и во 2020 година, наспроти поинтензивните природни масовни штети (земјотресот во Хрватска и бурите со град на три пазари). Инвестициското портфолио го оценува како високо квалитетно и со добра распространетост, претежно во евро зоната. Ризиците од гарантираното осигурување на живот се ограничени и ублажени преку соодветно управување на резервациите.

Среднорочната прогноза за кредитен рејтинг ги одразува очекувањата на S&P дека Групацијата Триглав ќе продолжи успешно да ја спроведува својата деловна стратегија најмалку во следните две години, со акцент на растот и понатамошната диверзификација на работењето. Агенцијата очекува, дека и покрај пандемијата и промената на економскиот циклус, Групацијата Триглав ќе задржи силна, стабилна добивка и висока капитализираност, што во идните две до три години ќе ги исполни критериумите за оцената »AA«.

Заваровалница Триглав

Заваровалница Триглав е водечка словенечка компанија, која нуди класично осигурување и е матично друштво на Групацијата Триглав. Се состои од мрежа од 12 подрачни единици, 38 претставништва, со бројни продажни групи и места за склучување на договори и со преку 660 претставници за осигурување низ цела Словенија. Понудата ги вклучува сите видови приватни и имотни осигурувања, како што се осигурување на имот и имотни интереси, автомобилски, земјоделски, транспортни осигурувања, осигурувања на побарувања, како и осигурувања за слободно време и патувања. Заокружената понуда на приватни осигурувања се состои од сите облици на осигурувања на живот, рентни, пензиски, здравствени осигурувања и осигурувања во случај на незгода.

Групација Триглав

Групацијата Триглав со своето знаење, искуства и финансиска моќ веќе скоро 120 години ја оправдува довербата на своите клиенти, дека најдобро ќе се погрижи за нивната безбедност и иднина. Клучните столбови на работењето се осигурителната дејност и управувањето со имот. Најголемата осигурителна и финансиска групација во регионот Адрија, како и една од водечките во Југоисточна Европа, работи во шест држави, на седум пазари и вработува повеќе од 5.000 луѓе. Групацијата Триглав ги задржува цврстата финансиска стабилност, високата адекватност на капиталот и профитабилноста во работењето, што ги потврдуваат и високите бонитетни оценки »A«, добиени од две признати агенции за кредитен рејтинг. Главните вредности на компанијата се едноставноста, агилноста и доверливоста, а мисијата е градење на безбедна иднина. Со својата визија се стреми кон динамичен развој на нови начини на работа, кои што претставуваат темел на одговорен, долгорочен развој, а истовремено работи профитабилно и безбедно.

Прочитај

Advertisement
rexbet   rexbet   rexbet   betebet   betebet   süperbet   süperbet   betebet   betebet   betebet   betebet   holiganbet   holiganbet   meritking   meritking   onwin   onwin   onwin   betgaranti   betgaranti   casibom   casibom   betgaranti   betebet   betebet   onwin   onwin   betgaranti   betgaranti   mrking   mrking   mrking   betebet   betebet   superbet   superbet   superbet   superbet   mrking   mrking   casibom   casinoper   bahisnow   casibom   betgaranti   betgaranti   slotbar   slotbar   onwin   onwin   rexbet   rexbet   casibom